Најважните работи што треба да ги понесете на вашите патувања

Секое патување е посебнa приказна за себе. Доживување, кое останува врежано во нашата свест со години и години. 

Najvaznite raboti sto treba da gi ponesete na vasite patuvanja 2

Секоја нова авантура е пропратена со пакување на ранецот или куферот. Во слични ситуации, секогаш останува простор на двоумење дали можеби нешто имаме заборавено.

За да не се најдеме во таква ситуација, најдобро е однапред да се направи листа на потребни работи кои планираме да ги понесеме со нас на патувањето.  

Да започнеме со најважното, а тоа е пасошот. Без овој документ, нема патување. Каде и да одам секогаш гледам пасошот да го сместам на сигурно место, внатрешен џеб од јакна или преден џеб на фармерки.

Колку и да звучи наивно, билетите секогаш мора да се пред мене кога и да одам на некое патување. Имам запознаено голем број на луѓе кои сосема забораваат на картите, па целото патување им оди во погрешна насока.

Исто така патничко осигурување секогаш треба да се има со себе. За оние не дај Боже ситуации.

Najvaznite raboti sto treba da gi ponesete na vasite patuvanja 1

Тука може да ја додадам и кредитна картичка. Воопшто не е паметна идеја да се носи сета сума со себе, најдобро е да се подели на неколку места, за да можеш да се снајдеш во секаква ситуација.

Очила и контактни леќи, за оние кои ги користат. Никогаш не заборавајте, зошто никој не сaка своите патувања да ги доживее матно.  

Ако не сте од оние кои сакаат да се товарат со еден куп облека, кои можеби голем дел од нив нема ни да ги облечете, најдобро е соодветно да се организирате.

Долна облека треба да се понесе најмногу, а за сè останато постои решение.

Najvaznite raboti sto treba da gi ponesete na vasite patuvanja 3

Кога е променливо времето, треба да се мисли да се има облека за секоја временска пригода. Посебно нешто подебело кога температурите паѓаат. Макар тоа да е едно парче.

Ако немате постојано интернет, тогаш најдобро е да се извади офлајн мапа, за да имате целосна ориентација каде се наоѓате. Тоа  е најсигурен начин времето да го искористите како што треба.

Листата може да продолжи до недоглед. Иако ова е само мал дел, сепак може да заврши голема работа. Уживајте во вашето патување.

Najvaznite raboti sto treba da gi ponesete na vasite patuvanja 5

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg