Отворен е Banwa Private Island, најскапиот ресорт во светот - Колку чини една вечер и каков луксуз нуди?
Отворен е најскапиот ресорт во светот, кој нуди неверојатен луксуз за 100.000 долари од вечер, а задолжителна е резервација од минимум три ноќи.
Banwa Private Island е рај на Земјата од 60.000m², а ресортот се наоѓа на приватен остров на Филипините до каде може да се стигне со приватен лет или хеликоптер.
Според нивната официјална страна, ресортот е „приватен свет каде времето стои во место“, а температурата ретко паѓа под 30˚С.
Оние кои ќе одвојат 100.000 долари за една вечер, мора да престојуваат минимум уште 2 ноќи, а ќе бидат сместени во една од 6-те вили кои се луксузно опремени, имаат приватен „infinity“ базен, собите се со прозорци од горе до долу и имаат неверојатен поглед.
Во ресортот има ресторан кој служи само органска храна, растена во локалниот регион, а морските плодови се свежо уловени.
Покрај спа третманите, гостите имаат можност за уште многу други активности, како јога, тенис, голф, нуркање, возење на скутер и други видови забава во вода.
Погледнете како изгледа луксузниот и најскапиот ресорт во светот:
М. М. | Црнобело