15 работи што ja прават Картагена најмагичното место во Колумбија
Картагена е живописно пристанишно гратче лоцирано на карипското крајбрежје и е една од најдобрите туристички дестинации во Колумбија.
Во споредба со Богота и Меделин, Картагена е помал град, но неговата убавина произлегува од шареноликоста на центарот на градот и пријатната топла тропска клима.
Без разлика дали одите во Картагена за да се одморите на плажа, да се прошетате низ историскиот колонијален центар на градот или за да се забавувате навечер, градот има по нешто за секој од туристите.
Еве што мора да посетите ако решите да одите во Картагена:
1. Прошетка низ стариот дел
Прошетката низ стариот град е најдобар начин да се запознае културата и историјата на Картагена. Дополнително, од ова утврдување ќе можете да го видите целиот град од повисоко.
2. Бања со кал на вулканот Тотумо
Тотумо е вулкан во којшто на врвот наместо лава има топла кал. Искуството на бањање во кал е слично како на она во Мртвото Море, бидејќи не можете да потонете.
3. Прошетка со брод до Isla Barú
Исла Бару е прекрасен тропски остров со преубави плажи каде што можете да побегнете од турканицата и бучавата на Картагена.
4. Посета на саат кулата Torre Del Reloj
Оваа кула е границата којашто го дели стариот град од новиот дел и е одличен влез којшто ќе ве упати во историскиот дел на Картагена.
5. Прошетка низ плоштадот Plaza De La Aduana
Ова е најубавиот градски плоштад, а главната атракција е споменикот на Кристофер Колумбо.
6. Посета на катедралата Santa Catalina De Alexandria
Катедралата на Картагена е прекрасна црква во шпански стил, којашто се наоѓа во стариот град.
7. Истражете ја областа Getsemani
Гетсемани е популарно маало каде што можете одлично да го доживеете јужноамериканскиот дух.