Различните лица на Скопје, или една визуелна прошетка низ метрополата

Постојат денови кога ништо интересно не се случува. Или кога плановите се менуваат во последна минута, па за да не се досадувам дома го земам фотоапаратот и се препуштам на пешачење низ скопските улици.

FotoJetglavna

Верувам дека не сум единствен со оваа навика. Така? Колку и да велам дека ги знам улиците низ Скопје, ама секогаш постојат скришни агли кои изгледаат примамливо. Макар на кратко. Онака, ја будат имагинацијата во мене и од едно обично нешто си правам приказна, која соодветствува со расположението.

Токму поради тоа, решив да споделам дел од фотографиите кои ги имам направено во Скопје во изминатите две-три години.

Верувам дека најголем дел од вас ги имаат забележано истите места, локации, кадри… Но, секогаш е добро да се освежат нештата.

Сепак, станува збор за град, каде што лесно можат да се воочат интересните перспективи. Посебно ако се ловени од страна на нечиј објектив и споделувани на Инстаграм. Од Козле, Капиштец па сè до Водно.

Оние кои живеат во Скопје само ќе ги препознаат локациите кои можеби секојдневно ги сретнуваат, а оние кои престојуваат на друго место или надвор од Македонија можат само да нурнат во своите спомени и на површина да ги извлечат пријатните сеќавања од главниот град…

Нека започне виртуелната прошетка и сега имате можност да се „различните лица на Скопје“:

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg