3 дестинации за поинакво велигденско патување

Во пресрет ни доаѓа интересен период. Велигденските празници и тоа како знаат да ни приредат пријатни доживувања. Сето време поминато со семејството и пријатели е вредно за долго сеќавање. 

eden porazlicen veligden edno porazlicno patuvanje 2

Но, зошто овој Велигден да не направиме некоја промена? Мислам дека на сите добро би ни дошла. Тоа не мора да бидат големите метрополи, овој пат нека си дадеме шанса да посетиме некои скриени места во Европа.

Може тоа да бидат средновековни селца со убави замоци, места богати со историја и архитектура.

Во продолжение следува листа на области во Европа, кои во себе содржат убавина и пријатност:

Валонија (Белгија)

Оваа област во Белгија е соодветна за патувачи кои не сакаат да брзаат за ништо и на сè сакаат да одвојат време. Тука ќе се изгубите во еден свет, кој сте заборавиле дека постои.

Камени улички, реки кои поминуваат низ градови и дворци сместени на ридови се дел од нештата на кои ќе налетате во Валонија. 

eden porazlicen veligden edno porazlicno patuvanje 6

eden porazlicen veligden edno porazlicno patuvanje 6

Нормандија (Франција)

Овој историски регион во Франција е значаен по многу настани. Тука е запалена француската хероина Јованка Орлеанка, а Нормандија е регион каде што се наоѓа островот Мон Сен Мишел.

Ако сакате да уживате во опкружувањето, тоа задоволство несомнено ќе го најдете тука. Нормандија е повеќе од она што може да замислите.

eden porazlicen veligden edno porazlicno patuvanje 8

eden porazlicen veligden edno porazlicno patuvanje 8

Баскија (Шпанија)

Уште еден историски регион се наоѓа на листава, а тоа е Баскија. Или автономна заедница на Шпанија. Освен што граничи со Франција и има излез на Атлантскиот Океан, регионот Баскија знае да ги инспирира луѓето со своите плажи, мистични шуми и градовите.

Една од најпознатите дестинации е Сан Себастијан. И тука се наоѓаат дури три локации каде што е снимена серијата Game of Thrones. Плажите Itzurun и Muriola, како и  San Juan De Gaztelugatxe.

eden porazlicen veligden edno porazlicno patuvanje 1

eden porazlicen veligden edno porazlicno patuvanje 1

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg