Подгответе ги шаторите - Дестинации за кампување низ Европа
Доволно е да се спомене зборот кампување и веднаш да почувствувам таква возбуда, што мигновно ме мотивира да се препуштам на нова авантура. Освен што сончевите денови пополека почнаа да го заземаат тронот, тие ни отворваат можности за секакви активности.
За сите оние кои сакаат да побегнат од градската врева, асфалтот кој ќе почне да зоврива и иритирачкиот метеж, својот „спас“ можат да го најдат надвор во природата. Помеѓу високи дрвја, водена површина и трева.
Затоа, не двоумете се многу пред да го спакувате шаторот и да заземете некое местенце по ваш мерак.
Во продолжение следува листа на интересни локации каде може да го поставите шаторот. И се подразбира со секоја клетка да уживате во опкружувањето.
Le Val de Cantobre, Авејрон, Франција
Тука може да се најде неверојатно место за кампување. Самата помисла дека се наоѓате во близина на средновековни фарми и простран поглед се доволно за да се исполните себеси.
Playa Montroig, Тарагона, Шпанија
Од едно страна опколена со шума, а од друга со море, ова место за кампување е погодно за секаков вид на луѓе. Покрај тоа што ќе имате можност да уживате на песочна плажа, истото место е соодветно и за кампување со деца. Понекогаш треба да се замине на поразлично патување.
Lagos de Somiedo, Шпанија
Да се стигне до оваа место за кампување мора малку физички да се активирате. Без разлика како и да се движите, мора да го поминете стрмниот пат. На крај во секој случај ќе се исплати, зошто ќе се најдете до езеро опколено со тишина, зеленило и животни.
Weichselbrunn, Bodenwöhr, Германија
Оваа место за кампување се смета за едно од најинспиративните во Европа. Ако некогаш се одлучите тука да го поставите вашиот шатор, ќе имате можност да се најдете на место кое претставува комбинација од шума и езеро.
Може да ловите риби, да пливате или да уживате во допирот со самата природа.
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело