Тешко пристапни локации во светот за кои вреди да се посвети време и енергија

Патувањата не се секогаш едноставни. Пропратени со брзо темпо и скоцкана агенда. Постојат и такви патувања каде треба да се вложи повеќе енергија и труд за да се стигне до крајната цел. 

tesko pristapni lokacii vo svetot za koi vredi da se posveti vreme i energija 7

Во некои ситуации и животот се изложува на ризик. Сепак, има луѓе кои се решени за слични потфати во животот.

Во продолжение следува листа на неколку тешко достапни дестинации за кои вреди да се испотите и да го посветите своето време.

Бајкалското Езеро познато и како „сибирски бисер“ е најстарото и најдлабокото езеро во светот. Во зима, целата водена површина се заледува и претставува вистински предизвик за авантуристите и зависници од адреналински ситуации.

Најдобро е да се патува со автомобил преку ледената површина, но мора да се внимава на пукнатините. Сите кои го имаат посетено Бајкалското Езеро остануваат воодушевени од самата природа и изолираност што се протега околу нив.

tesko pristapni lokacii vo svetot za koi vredi da se posveti vreme i energija 3

tesko pristapni lokacii vo svetot za koi vredi da se posveti vreme i energija 3

Ако постои рајот на планетата земја, тогаш мора да се наоѓа на изолираниот остров Алдабра во Индискиот Океан.

Оние кои успеале да се дочепкаат до оваа точка во светот, велат дека станува збор за недопрено место и дека е вистинско чудо од природа.

Речиси и да не постои редовна транспортна линија до Алдабра, па оној кој ќе се реши да го посети, мора на своја рака да го организира патувањето до заборавениот рај.

tesko pristapni lokacii vo svetot za koi vredi da se posveti vreme i energija 4

tesko pristapni lokacii vo svetot za koi vredi da se posveti vreme i energija 4

И во Европа постојат места, за кои многумина не се запознаени дека постојат. Едно од нив е Кунгследен во Шведска, кое се наоѓа во северниот дел од Лапонија.

Самата природа речиси е во ист облик со години и години наназад. Од една страна постојат патеки за пешачење кои се обележани и на кои може лесно да се снаоѓа.

Но, од друга, тука е рутата која поминува низ Националниот парк Сарек, каде нема никакви патокази и насоки. Пред некој да се впушти во вакво патешествие добро треба да размисли.

tesko pristapni lokacii vo svetot za koi vredi da se posveti vreme i energija 5

tesko pristapni lokacii vo svetot za koi vredi da se posveti vreme i energija 5

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg