Три дестинации во Европа за пролетна авантура
Сите со нетрпение го чекавме доаѓањето на пролетта. Освен што секој си има посебна причина за тоа, на крај сите се согласуваме во едно – патувањето.
Кога дневната температура ни дава јасни знаци дека може да ја оставиме зимската гардероба и да се препуштиме на лесна облека, нема подобро од тоа да се препуштиме на некоја авантура.
Како и секогаш, можно е да се двоумиме за изборот на дестинациите. Ги има многу, можеби буџетот и не ни е толку голем, но следните предлози можат да ви ја прошират вашата листа на дестинации.
Манарола, Италија
Ова е едно од петте мали гратчиња во склоп на италијанската ривиера Cinque Terre. Освен што ќе имате можност да уживате на брегот, ќе бидете привилегирани да се најдете во пријатното опкружување.
Од шаренолика архитектура до карпест предел, каде со свои очи ќе може да ја почувствувате убавината на раѓањето на сонцето.
Халштат, Австрија
Сигурно ви е познато името на ова австриско село, кое со своја убавина стана вирална дестинација по друштвени мрежи. Со помалку од 1.000 жители и со многу туристи, ќе успеете да почувствувате една дестинација, која ќе ви ги исчисти мислите и ќе ве натера да помислите дека сте дел до некоја сказна.
Испробајте ги сите активности што едно место може да ги понуди. Но, најважното е да пешачите и да уживате во природата.
Ровињ, Хрватска
Се вели дека Ровињ е еден од најубавите градови во Хрватска, а искуството на голем број луѓе само го потврдуваат тоа. Ровињ е град, кој кога еднаш ќе се посети, засекогаш останува сместен во сеќавањето.
Ако сѐ уште го немате искусено Јадранското Море, оваа хрватска дестинација и тоа како ќе ви обезбеди интересно доживување на самите плажи и во градот.
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело