11 правила со кои ќе патувате како вистински светски патник
Секоја индустрија има свои „најдобри практики“, односно докажани правила и стандарди кои ја водат индустријата. Патувањето не се разликува со своите практики.
Постојат многу правила кои можат да ни помогнат полесно и побезбедно да патуваме во странските земји. Правила кои ни помагаат да го поминеме времето квалитетно, да се поврземе со локалната култура и да уживаме во оваа авантура.
Овие 11 правила ќе ви помогнат да патувате полесно, подобро и помалку стресно, како вистински светски патник:
1. Најмалку еднаш во животот, по можност и почесто, не го планирајте своето патување. Бидете спонтани. Спакувајте ги своите работи и тргнете на авантура. Не секоја локација бара долга и продорна подготовка. Постојат многу локации кои, речиси, нема да ве чинат многу пари.
2. Не постои она што „мора да го видите“. Доколку не успеавте да ги видите локалните знаменитости на локацијата не значи дека патот ви бил неуспешен. Токму малите работи, кои понекогаш не се наоѓаат на туристичката мапа, можат да ви откријат многу работи и да ве изненадат со својата посебност и убавина.
3. Запознајте ги локалните жители. Разговарајте со нив, дознајте повеќе за нив и за нивната култура. Доколку сте во можност, престојувајте кај нив. Локалните жители најмногу можат да ви помогнат да го почувствувате местото на кое сте на вистински начин.
4. Заборавете на скапите ресторани. Културата на местото на кое сте најдобро ќе ја запознаете ако ја пробате традиционалната кујна.
5. Кога имате можност пешачете, бидејќи треба да бидете светски патник, а не туристички. Ако користите локални автобуси ќе бидете ограничени на една локација. Истражувајте ги уличките, дестинацијата и откривајте ги интересните места. За далечните локации можете да изнајмите и велосипед, доколку постои таква опција.
6. Престанете да сликате слики за Фејсбук! Патувате за да им се фалите на пријателите или да уживате во секој момент?