3 скриени локации во Шпанија кои вреди да ги посетите

Се ближи периодот на патувања. Голем дел од нас веќе со нетрпение чекаат да го наполнат патничкиот ранец и да се впуштат во некоја авантура. Изборот на дестинации е навистина голем, затоа треба да се избере внимателно.

skrieni lokacii vo spanija sto treba da se posetat 7

На пример, Шпанија има голем број на туристички атракции кои секој посетител сака да ги посети. Да направи фотка-две и да ужива во опкружувањето.

Но, исто така постојат и голем број на скриени локации, кои за среќа не се пренатрупани со туристи како останатите. Токму таму може да се ужива во мирот и хармонијата што плени од местото.

Во случај ако ви е смачено да се тегнете по гужви, тогаш следните дестинации во Шпанија можат да ви дојдат како добро освежување. А, воедно ќе ви овозможат спомени на кои долго ќе се сеќавате.

Ронда, Малага

За сите оние кои сакаат да се наполнат со спектакуларна глетка можат да го направат тоа на гребените на Ронда.

Овој град се наоѓа на 750 метри надморска височина и со својата скриена убавина ќе ве освои уште од првиот миг. Барем досегашното искуство на посетителите е таков.

skrieni lokacii vo spanija sto treba da se posetat 5

skrieni lokacii vo spanija sto treba da se posetat 5

Calobra, Мајорка

Ова е една од најубавите плажи на Мајорка, а името на нивниот јазик значи „змија“. Сите знаеме дека убавите нешта не се лесно достапни. Конкретно авантуристите ќе бидат фасцинирани од самиот пат.

Треба да се вози низ планина и тоа по многу кривулест пат за да се стигне до Calobra. На крај, штом ќе се најдете на оваа филмска локација ќе се согласите дека секој вложен напор е исплатлив.

skrieni lokacii vo spanija sto treba da se posetat 4

skrieni lokacii vo spanija sto treba da se posetat 4

Playa de las Catedrales, Lugo

На крајбрежјето на Галиција се наоѓаат воодушевувашки карпи кои природно се формирале низ годините.

Освен тоа, водата му дава поголем шмек на местото и плажата е прогласена за „природен споменик“, токму поради неговата уникатна убавина. А на крај, кој не би сакал да посети вакво место?

skrieni lokacii vo spanija sto treba da se posetat 6

skrieni lokacii vo spanija sto treba da se posetat 6

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg