11 места во Србија што ретко кој ги видел, а не смеете да ги пропуштите
6. Власинско Езеро
Се наоѓа на територијата на општина Сурдулица, на југоистокот на Србија. Големо е 16 km2, а длабоко 35 м. Се наоѓа на 1213 m надморска височина и низ него на секој минута протекуваат 2 кубика првокласна вода.
Ова езеро, исто така, е карактеристично по пловните острови коишто се создадени од тресет и се вистинска атракција за туристите. Интересно за ова езеро е што во неговата околина се регистрирани повеќе од 300 лековити билки, а карактеристично е што покрај нив тука може да се најде и многу реткото месојадно растение Росуља (Droseraceae).
7. Белоцрквенските езера
Ова место се наоѓа во близина на границата со Романија и опфаќа повеќе од десетина езера. Најпознати се Вачевгајското езеро и езерото Шљункара. Ова место има и викенд населба, како и кампинг населба, а одлично е за фамилијарен одмор и намалување на стресот.
8. Споменикот на природата Ѓаволски варош
Ова ретко чудо на природата се наоѓа на висина од 600 m, под планината Радан, 27 km југоисточно од Куршумлија. Покрај релјефните фигури настанати со ерозија, интересно е да се каже дека тука има и извор со лековита минерална вода под името Црвено врело.
9. Манастирот Студеница
Овој манастир се смета за еден од најубавите српски манастири заради префинетата архитектура на византиско-рашката школа и се наоѓа на листата на UNESCO од 1986 година.
Манастирот е подигнат во 12 век, од страна на Стефан Немања, а порано во комплексот имало 14 цркви, од кои денес се сочувани само 3.
10. Опленац
Се наоѓа на 80 km од Белград, во непосредна близина на Топола. На ова место е изграден мавзолејот на династијата која ја започнал Петар Први Караѓорѓевиќ.
Денес, во кругот на овој комплекс, може да се видат Црквата Св. Ѓорѓи, мавзолејот на српската кралска фамилија, кралските лозја, музејот (винарската куќа), куќата на крал Петар, вилата на кралот, вилата на кралицата, споменикот на Караѓорѓе и хотел.
11. Крупајско врело
Доколку сакате природа, вода, мирно место и добра храна, тогаш вистинскиот избор за вас е Крупајско врело. Се наоѓа помеѓу селата Милановац и Крупаја, во подножјето на Белјаница.
Не може да се опише со зборови идилата на крупајските извори, таа чудесна сина боја едноставно мора да се види и доживее, а во близина има и извор на лековита вода.
(О)Милена | Црнобело