Приказни за Кратово или градот на кулите, мостовите и легендите

Секој викенд е нова шанса да се замине на некоја еднодневна екскурзија.

prikazni za kratovo ili gradot na kulite mostovite i legendite 7

Пред неколку недели заедно со неколку пријатели за првпат решивме да го посетиме Кратово - градот на кулите, мостовите и фиќовците. Можеби тоа требаше да го сторам многу порано.

https://www.instagram.com/p/BvMuY-egqPJ/

Само што пристигнав имав чувство дека сум некаде далеку. Во некоја друга земја. Набљудував во она што се случуваше и што ми се испречуваше. Во старите луѓе кои не го симнуваа погледот додека со обесени фотоапарати околу врат поминувавме покрај нив. Сигурно мислеа дека сме некои странци.

Ме исполни пријатно чувство додека шетав низ тесните и камени сокаци. Мислам дека тој ден сите луѓе беа излезени надвор. За тие неколку часа успеавме да ги поминеме сите мостови: Грофчанскиот мост, Чаршискиот, Јоркширскиот Аргуличкиот и, најпознатиот, Радиниот мост.

Тука ќе ве потсетам на легендата за Радиниот мост, поточно за соѕиданата Рада, која била жртвувана за да може да се изгради мостот. Пред самиот свршувачки чин таа извикала да ѝ ја отсечат десната града, за да може да го дои своето машко дете. Познато звучи, нели?

prikazni za kratovo ili gradot na kulite mostovite i legendite 3

Исто така мора да ги споменам и кулите, кои се своевиден симбол за Кратово. Некогаш биле 13, а денес има останато само шест и тоа: Саат-кула, Златкова, Емин-бегова, Крстева, Симиќева и Хаџи-Костова кула.

На времето во нив живееле семејствата на закупниците на рудниците, и под нив има изградено тунели и подземни ходници.

prikazni za kratovo ili gradot na kulite mostovite i legendite 5

Од која и страна да гледаш, тешко е да се остане незабележан во Кратово. Целата атмосфера ми беше интересна, ме потсетуваше на кадар од некој филм.

Од секоја улица ѕирка минатото, кое останало, и кое никогаш нема намера да си замине. И прошетката да биде комплетирана, посетете ја и црквата „Св. Јован Опсечен“. Обновена во 1836 година, а кратовчаните ја нарекуваат и женска црква.

Доволно е до тука. Најважно е да се заскокотка љубопитноста и да се преземе соодветна акција. Одлука да се посети ова гратче и тоа во најскоро време.

Не знам како другите го доживуваат, но за мене Кратово е место создадено од приказни и знам дека нешто постојано ќе ме навраќа да се вратам таму.

prikazni za kratovo ili gradot na kulite mostovite i legendite 6

prikazni za kratovo ili gradot na kulite mostovite i legendite 6

prikazni za kratovo ili gradot na kulite mostovite i legendite 6

prikazni za kratovo ili gradot na kulite mostovite i legendite 6

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg