Живот во комбе – Инстаграм приказните на големите авантуристи

Колку и да звучи „лудо“, животот во комбе претставува голем предизвик. Замислете ја само слободата, отвореноста на сетилата и искуствата што можат да се доживеат на тој начин. Дали и вие би се осмелиле на таков чекор?

zivot vo kombe poglednete gi instagram prikaznite na golemite avanturisti 1

Во последните години сѐ повеќе почнува да се практикува овој животен стил, но тоа не подразбира само живот во комбе и толку. Тоа е многу повеќе. Тоа е начин на размислување и перципирање на светот.

Слободата на умот и духот се главните карактеристики на овој тип на луѓе, заедно со непланирањето. Бидејќи, никој не сака однапред да знае што ќе му се случи.

Тука, спонтаноста претставува суштински дел од оваа состојба на умот. Животот во модерно и конзумирачко општество, натерало многу луѓе да се препуштат на номадизмот и својот простор да го сведат на четири тркала, кое ќе ги задоволи основните човечки потреби.

Минималистичкиот начин на живот и тоа како зема замав во светот, а тоа најдобро може да го согледаме преку социјалните мрежи.

Таму постојат голем број на слободоумни номади, кои преку својата лична приказна сакаат да ги инспирираат луѓето од светот. Затоа, често се идентификуваме со нивните авантури и посакуваме и ние да се решиме на таков чекор.

Во продолжение следува дневна доза на инспиративни Инстаграм профили, кои ќе ви бидат одличен пример дека среќата се крие во едноставноста... и патувањето.

https://www.instagram.com/vanlifediaries/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/wheresmyofficenow/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/mitch.cox/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/ourhomeonwheels/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/homesweetvan/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/onechicktravels/

https://www.instagram.com/cleocohen/

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg