Фото разгледници на две деца кои со родителите посетиле преку 70 земји низ светот пред да наполнат 4 години
34-годишна мајка на две мали деца открива дека тие заедно имаат посетено преку 50 земји, благодарение на нивниот екстравагантен животен стил.
4-годишната Есме и 1-годишниот Квин патувале низ целиот свет со нивните авантуристички родители.
Откако мајката одлучила породилното отсуство да го искористи на планирање светски авантури, семејството „живее во куфери“ и патува низ светот со двете малечки деца.
„Сè започна на моето породилно отсуство со Есме, кога таа имаше 6 месеци, решивме да одиме во Сингаппур, а оттаму продолживме да патуваме уште 10 месеци пред да се вратиме дома.“ – споделува 34-годишната мајка, Керен.
Оттогаш, поголемата ќеркичка посетила преку 40 земји до нејзината 4-та година, а помалото синче, на само 1 година веќе има посетено околу 28 земји низ светот.
„Нашите семејства прво мислеа дека сме луди, но сега се навикнаа на нашите авантури. За среќа, двете деца сакаат летови и уживаат во патувањата.“ – продолжуваат родителите.
Семејството досега живеело во Лондон, но планираат да ја продадат куќата и да продолжат да патуваат.
Двете дечиња имаат посетено многу места низ светот како Бали, Колумбија, Панама, Тајван, Боливија, Перу, Мачу Пикчу, Канада, Шпанија, Франција, Куба, Бахами, Обединети Арапски Емирати, Финска, Белгија и уште многу други, за кои сигурно и вие посакувате да ги посетите.
Погледнете ги нивните фото разгледници направени низ светот, кои ги споделуваа на Инстаграм профилот @travelmadmum