Градови кои вреди да се посетат во Холандија, иако не се толку популарни како Амстердам

Доволно е да се спомене Холандија и прво што ќе ни падне на памет е Амстердам. Свесни сме дека овој холандски град претставува слика за место кои многумина сакаат да биде дел од нивните патувања.

osven amsterdam postojat i drugi gradovi koi treba da se posetat vo holandija 7

Поточно, да се издуваат на секој можен начин. Изборот што го нуди Амстердам е на завидно високо ниво, така што за секого има соодведно место и занимација.

Од дремење во кафулиња, истражување на канали, ѕверење во излози на Ред Лајт Дистрикт или посета на некој од музеите. Но, кога веќе патиштата ве водат натаму, тогаш дајте им шанса и на другите градови во Холандија.

Нема да погрешите со некој од овие 3:

Гронинген е град со најчист воздух во Холандија, ама тоа воопшто нема да нè зачуди ако знаеме дека речиси две третини од луѓето што живеат таму користат велосипед како свое превозно средство.

Исто така, Гронинген е втор најдобар студентски град во Холандија, а можеби еден од најбезбедните. Со популација од 200.000 жители, овој холандски град ќе ви овозможи интересен ноќен живот, а некои ноќни клубови работат и по 24 часа.

osven amsterdam postojat i drugi gradovi koi treba da se posetat vo holandija 3

osven amsterdam postojat i drugi gradovi koi treba da se posetat vo holandija 3

Утрехт или град на културата со еден од најпознатите универзитети во Холандија е дом на повеќе од 340.000 луѓе. Голем дел од нив користат електрични автомобили и секако, велосипеди.

Истиот град според BBC Travel пред некое време е прогласен за еден од најсреќните градови во светот. Не знам дали е поради тревата или нешто друго, но во секој случај треба да се поминат неколку дена тука.

osven amsterdam postojat i drugi gradovi koi treba da se posetat vo holandija 6

osven amsterdam postojat i drugi gradovi koi treba da se posetat vo holandija 6

Ротердам е исто толку познат како и Амстердам, само што во првиот има значително повеќе модерна архитектура. Има населби каде куќите имаат форми на коцка, а пристаништето им е второ по големина во светот, после онаа во Шангај.

Поради големиот број на канали имаат воден такси систем, кој навистина е применлив во секоја ситуација. И како за крај, ако некогаш го посетите Ротердам, немојte да заборавите да ја пробате нивната пита од јаболко. Има гласини дека е најубава од цела Холандија.

osven amsterdam postojat i drugi gradovi koi treba da se posetat vo holandija 5

osven amsterdam postojat i drugi gradovi koi treba da se posetat vo holandija 5

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg