Матеа Мицеска: Во Танзанија пливав со делфини, кампував и се будев со звукот на хиени

Матеа Мицеска (24) е магистер по фармација, љубител на авантура, патувања, запознавање на нови луѓе и континенти. Матеа до сега ја пропатувала скоро цела Европа.  

Matea miceska vo tanzanija plivav so delfini kampuvav i se budev so zvukot na hieni i si gi izostriv site setila 9

Во последните години видела и мал дел од Азија, а била дел и од Work and Travel програмата во САД. Некако спонтано ѝ се наметнала идејата следната дестинација да биде Африка. Континент, кој отсекогаш будел посебни чувства кај неа.  

„На пат до Африка ме однесе мојата пракса која беше непосредно пред моето магистрирање на Фармацевтскиот факултет во Скопје, како член на IPSF (International Pharmaceutical Students Federation).

Да бидам искрена не знам ни колку бев спремна кога се пријавив да поминам 2 месеци во националната болница во Дар Ес Салам, Танзанија, држава за којашто претходно имав само слушнато, сосема сама.

Немав идеја што да очекувам и тоа беше најдобриот дел“, се присетува Матеа Мицеска, која на својот Инстаграм профил @mateamlero редовно ги споделува патувањата.

Matea miceska vo tanzanija plivav so delfini kampuvav i se budev so zvukot na hieni i si gi izostriv site setila 17

На почетокот се соочила со дневни фрустрации од типот на спиење под мрежа за комарци, туширање со комплетно ладна вода, перење на облека на рака и слично. Секако, сето тоа придонело за развој на нејзината личност.  

Матеа престојувала во студентски дом, во којшто делела соба со колешка од Малави. Живеењето и работењето во Танзанија ја научило да биде трпелива – патувала со дала-дала, локален автобус кој се движел по ископани улици саат време од работа до дома по темница; да се радува на мали нешта – мирисот и вкусот на свежи исечено овошје; да почитува туѓа традиција и обичаи, без разлика колку и да ѝ биле чудни – посета на Масаи племето кое пиело крв од крава.

Matea miceska vo tanzanija plivav so delfini kampuvav i se budev so zvukot na hieni i si gi izostriv site setila 14

„За поминатото време во националната болница во Дар Ес Салам, видов како функционира здравствениот систем во една од поразвиените земји од источна Африка, со какви проблеми се соочуваат, а на кратко успеав да помогнам и да бидам дел од секојдневните активности на фармацевтите. Со ова само уште повеќе ја осознав важната улога на клиничкиот фармацевт во здравството“, споделува Матеа.

Matea miceska vo tanzanija plivav so delfini kampuvav i se budev so zvukot na hieni i si gi izostriv site setila 11

Покрај активностите во болница, таа успеала да ги почувствува и убавините што ги нуди Танзанија. Го користела секој викенд да посети различни места, острови или околни села.

Седум дена одвоила за Занзибар – остров кој станува доста атрактивен, а видела и зошто. Уживала во прекрасните бели песочни плажи, пливала со делфини во тиркизните води на Индискиот океан, дегустирала храна од уличниот маркет, посетила фарма на зачини, национален парк со редок вид на мајмуни, запознала многу локални луѓе кои се грижеле за неа и направила да се чувствува како дел од нив, а не како турист.  

Matea miceska vo tanzanija plivav so delfini kampuvav i se budev so zvukot na hieni i si gi izostriv site setila 6

„Последните денови од мојот престој во Танзанија, ги поминав во градот Аруша, каде што бев сместена во семејство и уживав во домашно приготвена традиционална храна: угали, пилау, чапати и пржени банани.

Потоа од таму започна мојата сафари авантура низ саваните на Серенгети, Нгоронгоро кратерот, езерото Мањара каде што кампував под ѕвездите и се будев од звукот на хиените. Танзанија е полна со богати културни наследства, живописни традиции и едни од најтоплите луѓе што сум ги запознала, а многу од нив станаа и мои пријатели. Ми ги изостри сите сетила и сигурна сум дека никого не бил оставила рамнодушен.

Сè на сè, благодарна сум на можноста и мојата одлука. Танзанија претставуваше совршен начин да ги преиспитам сопствените граници, да бидам изложена на сосема поинаков поглед на светот и секако беше една незаборавна авантура исполнета со прекрасни пејзажи, најубавите зајдисонца, острови и национални паркови исполнети со цело царство на слободни животни“, раскажува Матеа Мицеска.

Matea miceska vo tanzanija plivav so delfini kampuvav i se budev so zvukot na hieni i si gi izostriv site setila 12

На листа за наредни патување ѝ се Јужна Америка, Камбоџа, Кина и Филипините. Сега за сега ќе ужива во околните места и планини на нашата земја, сè додека не направи официјален план.

Како за крај, Матеа, на секого му посакува да собере храброст и да замине на соло патување било каде, да види колку всушност ќе се изненади прво од самиот себеси, а потоа и од другите.

Фотки од нејзиното патување во Танзанија погледнете на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg