Москва и Истанбул – патувачки предизвик за оние кои сакаат милионски градови

Сообраќаен метеж, турканици, редици и танчење на нерви. Ова се само дел од ситуации во кои сигурно ќе се најдеме ако патуваме во некој милионски град. Колку и да ни изгледаат неподносливи овие моменти, на крај, сепак, решаваме да одвоиме време и пари и да ги посетиме. На пример, Москва и Истанбул. Звучи одлично, нели?

FotoJetglavna

Многумина за Москва велат дека претставува спој на класичното и модерното. Најдобро ќе бидеме самите да се увериме, зашто кружат секакви шпекулации. Вадењето виза и не е толку комплицирано, но, за нас, Македонците, постои и уште еден начин – вадење на ваучер за хотелска резервација што ни овозможува трансфер во Русија.

Сите ја знаеме површината на Русија, па затоа немојте да се изненадите што ќе се почувствувате толку мали, небаре, мравки, кога ќе почнете да ја истражувате Москва. Ако се пишува за Москва, тогаш статијата би немала крај.

Мене, првата асоцијација, на оваа руска престолнина ми е метрото. Мислам, не постои опција, барем еднаш да не го посетите. Како и сите останати и вие ќе се запрашате, дали се наоѓате во некоја уметничка галерија или на обична метро станица.

Од друга страна, за Црвениот плоштад и Кремљ не треба ни да се зборувам. Овие локации се задолжителни на листата, заедно со Црквата на Св.Василиј, Лениновиот мавзолеј и стоковната куќа со изгор цени, ГУМ.

Москва е гигант каде ќе се чувствувате безбедно. Изгледа парадоксално, но така е. Москва е град каде речиси 1/3 од градот е во зеленило. Како што еднаш реков, го повторувам и сега. Москва не е град, таа е држава сама по себе.

Ако Москва е гигантска „лудница“, тогаш Истанбул е уште поголема. Се заљубив во овој град на два континента, се заљубив во храната и отвореноста на луѓето да разменат збор-два со тебе. Истанбул е приказна и неисцрпен материјал за пишување. Најголем предизвик поврзан со Истанбул е можноста да се истражи.

И ако некој праша дали е тоа возможно, јас ќе одговорам, не. Можеби, ако се проживеат неколку човечки животи. Оваа тло ги спојува истокот и западот, на оваа тло се наоѓаат највкусните слатки: баклава, сутлијаш, локум...

Оние што некогаш крстареле низ Босфор ќе се согласат дека претставува незаменливо искуство, а оние кои планираат наскоро да патуваат таму оваа активност нека ја стават во топ три на листата.

Сигурно нема да им побегнете на плоштадот Таксим и Капали чаршија, но она што можеби е помалку познато е алтернативниот кварт Караќој. Ќе се изненадите. Токму таму, во еден скриен агол, ве чека погледот на Фрида Кало.

Кога во еден момент од денот ќе помислите дека сѐ имате поминато, ќе сфатите дека грешите. И ќе тркнете до Сината Џамија. Да ве предупредам, вие сигурно си знаете, ама ќе има турканица со други посетители.

Кога ќе се изморите од целодневните активности, седнете во некој ресторан и нарачајте Јени ракија, па наздравете за животот. И секако, за доживеаната авантура.

https://www.instagram.com/p/BpNE7FzA8tc/

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg