На работ на светот – Тролтунга во Норвешка е спектакуларна глетка која остава без зборови (фото)
Карпата која во превод означува „јазикот на тролот“ името го добила поради својата необична формa. Се издигнува 800 метри над земјата, односно „виси“ над езерото Рингедалсватнет во Норвешка.
Се верува дека Тролтунга се формирала за време на ледената доба, пред околу 10.000 години. Таа е „осткочната штица“ од која може да се видат најубавите пејзажи во Норвешка. Место каде што имате чувство дека сте меѓу облаците кога ги има или дека можете да ги допрете ѕвездите.
Потребни се од 8 до 10 часа да се стигне до „јазикот на тролот“, а патот воопшто не е лесен и едноставен, дури и за најискусните планинари. Сепак, пешачењето се исплати на крајот. Адреналинот ќе се лачи двојно побрзо, иако нозете можеби ќе сакаат да ви откажат од уморот.
Оние кои веќе го посетиле ова неверојатно место советуваат да пристигнете во 6 часот наутро со цел да ги избегнете големите туристички групи и турканиците.
Сепак, кога сте на врвот на Тролтунга, имате чувство дека се наоѓате на работ на светот. Глетката кон природата по којзнае кој пат потврдува колку таа е моќна и застрашувачка истовремено:
https://www.instagram.com/p/Buy__C1lNwX/