Најинтригантните гробишта во светот
Повеќето луѓе веројатно не сакаат да го трошат времето на гробишта, но гробиштата, освен што се најлесниот начин на кој можете да бидете блиску до познатите луѓе од историјата, можат да бидат неверојатно убави.
Секако, оваа идеја звучи морничаво, но откако ќе го победите стравот од смртта, ќе можете овие места да ги гледате како прекрасни споменици на времето.
Низ светот постојат многу гробишта, некои од нив се важни за различните култури или религии, некои се полни со лути духови, а некои се наменети за да бидат смешни.
Ако при следното патување сакате да посетите ваква атракција, еве неколку идеи:
Среќните гробишта полни со озборувања и навреди
Ако мислите дека не е убаво да се зборува лошо за мртвите, тогаш не барајте да ве погребаат на Среќните гробишта во Романија.
Тука почиваат шестстотини жители на градот Săpânța, под светло обоен, дрвен крст кој ги раскажува приказните за нивниот живот. На пример, еден епитаф ја опишува љубовта на починатиот кон коњите, пабовите и туѓите жени.
За дружење со славните личности посетете го Père-Lachaise во Париз
Бидејќи на влезовите на гробиштата не се продаваат билети, тешко е да се каже кои гробишта се најпосетувани, но најпопуларните гробишта во светот се Père-Lachaise во Париз.
Овие гробишта се, технички, голем градски парк. На ова место се закопани многу познати личности: Молиер, Фредерик Шопен, Марсел Пруст, Оскар Вајлд, Сара Бернхард, Гертруда Штајн, Едит Пјаф, Џим Морисон и многу други.
Hollywood Forever гробишта, место каде излегуваат сите кул деца
Во Холивуд сите сакаат да бидат кул, затоа и познатите гробишта наречени Hollywood Forever изгледаат кул. На овие гробишта често се прават настани, концерти и отворени филмски проекции.
Тука се закопани познати личности како Џони Рамон, Хати Мекданиел, првиот афро-американски оскаровец, Вампира и многу други познати личности од Златното доба на Холивуд.
Не плачи за гробиштата Recoleta, Аргентино
Овие гробишта настанале во 1822 година, во Буенос Аирес, но поради непозната причина, ретко кој е закопан под земјата. Наместо тоа, гробиштата личат на град, а улиците се полни со големи, раскошни гробници.
Најпосетуваниот гроб е секако оној на Евита Перон, поранешната прва дама на Аргентина.
Greyfriars Kirkyard гробиштата сакаат да ве убијат
Ако сакате проколнати гробишта, тогаш Greyfriars Kirkyard во Единбург е вистинското место за вас. Во 2006 година имало 450 документирани „напади“ од страна на немирните духови.
Но покрај лошите духови, тука престојуваат и добрите духови. На пример, можете да го најдете гробот на кучето (Greyfriars Bobby), за кое се вели дека лежело врз гробот на својот сопственик 14 години.
Ашера | Црнобело