Опијанети од вино и бајковити пејзажи - зошто долината Дуро треба да биде вашата следна пролетна дестинација?
Ситно одбројуваме до почетокот на пролетта, а тоа значи неколку работи: сонце, патувања, подолги денови скроени за мирно уживање.
Долината Дуро во северниот дел на Португалија нуди многу повеќе од совршена клима и почва за одгледување на грозје и правење вино.
Оваа традиција се одвива векови наназад, а винскиот регион Дуро е исполнет со прекрасни и драматични пејзажи поради кои срцето ќе ви прескокне отчукување од среќа и неверување.
Истражувајќи го регионот ќе вкусите прекрасни локални вина и храна. Ќе се опиете од глетките околу вас, ќе вдишете поинаква култура и парче историја.
На пролет е особено магично бидејќи цветаат бадемовите дрвја, исполнувајќи дел од регионот со нежни, бели цветчиња.
Она што е најинтересно е пловењето по реката Pinhão низ долината Дуро, а самата пловидба може да трае од неколку часови до неколку денови, со попатни застанувања во околните хотели, или пак на бродот доколку истиот нуди сместувачки капацитети.
Долината Дуро е совршена во текот на целата година, но пролетта е особено магична. Температурите се топли и пријатни, боите се посветли, а регионот сè уште не е преплавен со туристи.
Тивкиот предел со гостопримливи домаќини ќе ви го донесе долго посакуваниот мир, а доколку сè уште не сте убедени, фотките зборуваат сами за себе и кажуваат 1000 зборови: