Дијана Коциќ: „120 километри пешки и пијавица на ногата, но Непал вредеше за секоја мака“

Таа е страстен авантурист, вљубеник во природа и луѓе. Нејзината љубопитноста за нови култури и спознавање на животот на различни начини, ја прават да биде богата со приказни. 

Prikazna od nepal na dijana kocic site lugje se isti vo svetot i sekoj vodi borba sam so sebe 1

Станува збор за Дијана Коциќ од Белград, дипломиран инженер за организациски науки, која постојано учи психологија, дигитален маркетинг, фотографија и претприемништво.

Работи како бренд менаџер, а во слободно време е блогер, фотограф, copywriter, организатор на Travel MeetUp дружење во Скопје и Македонија, а во иднина се надева и на целиот Балкан. Желба ѝ е да одржи предавање на Стенфорд и TED Talks.   

„Уште од мала, имав идеја во главата дека сакам да се искачам на Хималаите. Во еден момент од животот ја потиснав идејата сѐ додека еден мој познаник не сподели статус на Фејсбук дека сака да оди во Непал. Сфатив дека тогаш е вистинското време да се препуштам на најголемата авантура во мојот живот“, раскажува Дијана, која сака да ги истражува сопствените граници и кога нешто сака, не се откажува, додека не го оствари посакуваното.

prikazna-od-nepal-na-dijana-kocic-site-lugje-se-isti-vo-svetot-i-sekoj-vodi-borba-sam-so-sebe-01.jpg

„Мора да кажам дека чувствував страв од сѐ што ме очекува таму. Пат со непознати луѓе, од земјата која културолошки е потполно различна, од искачување на 4.200 метри надморска височина и потенцијален недостаток на кислород.

Сите овие мисли ми се моткаа во главата пред тргнување. Но, во тие моменти се трудев да не размислувам на нив, туку да стигнам таму и да видам каде ќе ме одведе патот“, открива Дијана.

prikazna-od-nepal-na-dijana-kocic-site-lugje-se-isti-vo-svetot-i-sekoj-vodi-borba-sam-so-sebe-02.jpg

На патувањето Дијана сакала да помине повеќе време со себе и да согледа како може да изгледа десетдневно пешачење. Во главата имала идеи дека целиот потфат ќе биде психички тежок и предизвикувачки, но на тој начин само се спријателила со онаа Дијана, која претходно не ја познавала добро.

prikazna-od-nepal-na-dijana-kocic-site-lugje-se-isti-vo-svetot-i-sekoj-vodi-borba-sam-so-sebe-03.jpg

„Очекував дека патувањето ќе ме промени, но немав јасна слика за тоа како. Сега знам дека секое патешествие носи нови одговори по кои сме трагале и ако сме подготвени да ги чуеме, ќе го слушнеме.

По исцрпувачко пешачење на Дурмитор, мислев дека Хималаите ќе бидат тешко достапни. На крај се покажа попристапни, отколку што замислував“, додава таа.

prikazna-od-nepal-na-dijana-kocic-site-lugje-se-isti-vo-svetot-i-sekoj-vodi-borba-sam-so-sebe-04.jpg

Дијана, заедно со своите сопатници, од Белград, преку Доха, летале до Катманду. Летот им траел 16 часа и бил пријатен. Во главниот град на Непал поминале два дена, каде ја купиле целата опрема за пешачење, договориле водич, дозволи и целиот пат до базниот камп Анапурна.

Од Катманду со автобус стигнале до Покара, од каде се упатиле спрема Анапурна. Во планината поминале десет дена. Од кои шест дена се качувале до врвот и четири дена се спуштале.

Вкупно поминале 120 километри пешки и искачиле преку илјада катови. По завршување на турата, во Покара поминале уште два дена, уживајќи покрај езерото Фева. Го посетиле и националниот парк Chitwan, каде на сафари имале прилика да видат носорози, крокодили и тигрови.

prikazna-od-nepal-na-dijana-kocic-site-lugje-se-isti-vo-svetot-i-sekoj-vodi-borba-sam-so-sebe-05.jpg

Во тие авантуристички часови, Дијана воопшто не очекувала дека на ногата ќе ѝ се залепи пијавица – едно од животните, кое најмногу го мрази. Целата згрозена, не можела да поверува дека токму на неа се залепила.

По случката Дијана се смеела на себеси, задоволна што успеала да го надмине стравот што ја следел со години.

prikazna-od-nepal-na-dijana-kocic-site-lugje-se-isti-vo-svetot-i-sekoj-vodi-borba-sam-so-sebe-06.jpg

„На ова патување најмногу ме воодушеви скромноста, топлината и љубезноста на луѓето кои ги запознав. Добрината и желбата на Непалците да помогнат и да го направат престојот на странците пријатен, навистина ме трогна. На моменти бев тажна кога ги гледав портерите како на нивните грбови носат 35 килограми корпи полни со храна, вода и опрема за трекери. Посебно кога ќе ги забележев нивните слаби нозе со апостолки.

Таму луѓето живеат на планина. И се занимаваат со земјоделство и туризам. На тој начин, немаат допир со она што е надвор од нивната земја и ми се чини дека тоа ги прави навистина среќни, повеќе отколку нас, кои имаме многу работи во животот.

Самото патување ми помогна подобро да согледам дека сите сме исти, без разлика на тоа што и колку имаме. Сите водиме исти борби во животот и поминуваме низ различни фази. Но, тие се само спокојни и смирени“, раскажува Дијана.          

prikazna-od-nepal-na-dijana-kocic-site-lugje-se-isti-vo-svetot-i-sekoj-vodi-borba-sam-so-sebe-07.jpg

За време на пешачењето, Дијана запознала едно девојче, чие лице, поради ладното време било испукано. Кога ја забележала сиромаштијата и лошите услови за живот, решила да помогне и повеќе да допринесе за светот околу неа.

Мачкање на крема за лице на планина на малата Непалка и прегратка после тоа, за неа претставувало еден од најемотивните моменти во нејзиниот живот. Дури и сега кога ќе се сети на настанот, очите ѝ се полнат со солзи.

prikazna-od-nepal-na-dijana-kocic-site-lugje-se-isti-vo-svetot-i-sekoj-vodi-borba-sam-so-sebe-08.jpg

„Ми беше напорно да го носам ранецот, кој тежеше 11кг. Никогаш не сум била бекпекерка, ниту бев навикната да пешачам со толкав притисок на колковите и грбот. Ми беше мачење кога требаше да го симнам или ставам ранецот, но се навикнав.

Чучавец наместо нормален тоалет, спиење со две јакни и вреќа за спиење во соба без греење. Одење во кревет пред 22 часот и будење во 6 часот наутро. Сите овие нешта станаа моја дневна рутина. Интересно е тоа како човекот може да се навикне на сѐ, кога животот ќе го доведе во нови околности“, се присетува Дијана на нејзините доживувања.

prikazna-od-nepal-na-dijana-kocic-site-lugje-se-isti-vo-svetot-i-sekoj-vodi-borba-sam-so-sebe-09.jpg

Хималаите ѝ донеле спознание дека треба повеќе време да го поминува во природата и дека шетањето ја исполнува. Дијана сфатила дека сака да го смени својот начин на живот.

И во моментот работи на тоа. На прашањето: Што сакаш од својот живот?, нивниот водич Сану, им одговорил: Сакам само да бидам среќен. Оваа реченица ја освестила и инспирирала Дијана.

prikazna-od-nepal-na-dijana-kocic-site-lugje-se-isti-vo-svetot-i-sekoj-vodi-borba-sam-so-sebe-10.jpg

Периодот Дијана мечтае за Африка и Исланд. Желба ѝ е да помине неколку недели на волонтерски камп во Танзанија, надевајќи се дека и од таму ќе понесе ново и поразлично искуство со себе.

prikazna-od-nepal-na-dijana-kocic-site-lugje-se-isti-vo-svetot-i-sekoj-vodi-borba-sam-so-sebe-11.jpg

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg