Викенд-предлози за оние кои сакаат да откријат нови места во Македонија

Планини, села и напуштени места. Само што ќе помислам на ова, веднаш ми се менува расположението. Во тој момент имам порив да го спакувам ранецот, да си подготвам два-три сендвичи и со литар вода да посетувам нови места низ Македонија. 

vikend predlozi za site koi sakaat da otkrijat novi mesta vo makedonja 2

Ги има многу, а знаеме дека постојат уште огромен број за кои не сме свесни дека постојат. Е па во тој случај, најдобро ќе биде да се препуштиме и да ги истражиме.

Пешти или македонското Колорадо, како што другите го нарекуваат, се наоѓа во близина на Велес, поточно во клисурата на реката Бабуна.

Целиот предел е исполнет го голем број на пештери, од кои најголемиот дел од нив воопшто и не се достапни.

Она што мене најмногу ми остави впечаток е влегувањето во една од петте пештерски цркви. Конкретно, црквата Свети Никола, изградена пред 600 години, во која живееле монаси.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

Баргала или древниот град во Македонија, стациониран во подножјето на Плачковица е вториот предлог од листата.

Иако локалитетот е подзаборавен, сепак во минатото играл голема улога. Прво служел како воен логор, за да на крај го претвориле во тврдина.

Од овој локалитет е истражено едвај една десетина, затоа нашите археолози се трудат да откријат што е можно повеќе делови од приказната за Баргала за да се добие појасна слика за нашите корени и предци.

Страцин се наоѓа на триесеттина километри од Куманово.

Село, кое отсекогаш било стратешка точка, и до ден-денес стојат противтенковски барикади, кои биле донесени одамна. Немојте да се изненадите, но можеби за миг ќе помислите дека сте во играта Call of Duty.

А, и тоа е самата убавина на местото, што може да ти ја одмота фантазијата и да те препушти на интересни доживувања. Посебно, ако се решиш да влезеш во подземната воена база, која со подземни тунели се простира под два рида.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg