„Соба под отворено небо“ на 20 километри од Куманово

Мислам дека редно време беше на небото да се појави сонце. А, и температурата барем малку од малку да се покачи. Верувам дека сите уживавме во зимската идила, како што сакаме да ја нарекуваме, но сепак, крајно време е за промена. Пополека може да почнеме се подготвуваме за пролетта.

Soba pod otvoreno nebo ili odmoraliste za ljubitelite na prirodata 7

Минатиот викенд, заедно со неколку другари решивме да го посетиме манастирот Забел, па пред да влеземе во селото Старо Нагоричане, кое се наоѓа на петнаесетина километри од Куманово, направивме пауза.

Да бидам искрен, со нетрпение чекав да ги започнам новите патувања низ Македонија.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

На пола пат до Забелски манастир, на еден рид, така малку запустен, налетав на едно номадско засолниште. Не знам како другите го нарекуваат или гледаат на него, но барем моите очи видоа таков концепт.

Гледав неколку секунди, онака без да трепнам. Можеби нема да ми верувате, но за миг помислив дека се наоѓам во некоја хипи-комуна. Фалеше само уште да видам развеселени луѓе, кои облечени во колоритна облека, пееја и го славеа своето постоење.

Секако, овие идилични помисли траеа кратко. Штом го слушнав гласот на моите другари, се приземјив. И останав зачуден како „собата под отворено небо“ сé уште е сочувана, а не демолирана.

Од лично искуство знаеме дека ретко може да му побегнеме на вандализмот, или како и да го нарекуваме тоа неконтролирано штетење. Немав поим чија е идејата за изградба на ова засолниште, но на една тракторска гума пишуваше „Ванцо“. Веројатно истиот Ванцо има некаков удел во сето ова.

Љубопитноста не ме остави рамнодушен, па успеав да се дочепкам до релевантни информации, и тоа од близок роднина на Ванцо.

Човекот решил да го оживее земјиштето кое е во негова сопственост и изградил одморалиште за луѓе. Свесен дека околината со текот на годините пропаднала во заборав, сакал да му вдахне дополнителен живот на местото. И да им обезбеди простор за починка на поединците кои сé уште ја препознаваат убавината на природата.   

Останавме половина час, пред да го продолжиме патот и да се упатиме спрема Забелскиот манастир. За тоа, некој следен пат. Не е интересно одеднаш да се откријат толку кул места низ Македонија.

Soba pod otvoreno nebo ili odmoraliste za ljubitelite na prirodata 5

Soba pod otvoreno nebo ili odmoraliste za ljubitelite na prirodata 5

Soba pod otvoreno nebo ili odmoraliste za ljubitelite na prirodata 5

Soba pod otvoreno nebo ili odmoraliste za ljubitelite na prirodata 5

Soba pod otvoreno nebo ili odmoraliste za ljubitelite na prirodata 6

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg