Зајакнете го телото и умот - Планинарски тури кои секој треба да ги искуси

Димитар Егуменовски (28) доаѓа од еден од најпланинарските градови во Македонија, Битола и е вработен како комерцијалист. Иако работното време му од 9 до 17 часот, сепак тој наоѓа време за своите хобија: планинарење, свирење гитара, гледање Netflix, играње игрици и истражување за новите достигнувања во науката и технологијата. 

zajaknete go teloto i umot planinarski turi za sekogo 1

Кога пред десетина години започнал да планинари, морал да користи планинарски стапчиња зошто имал несмасно одење поради неговата висина од 193 цм.

„Во време кога луѓето сè почесто се оддалечуваат од суштинското значење на животот, а според мене тоа е опстојувањето и осознавањето, еден од начините да се допре до фундаменталните гранки на човечкото битие е да се изложи телото и психата на екстремен напор“, споделува Димитар Егуменовски.

„Планината го дава тоа чувство на бескрајност, на непокорливост. Чувство кое според моето искуство е незаменливо и неостварливо на ниеден друг начин“.

View this post on Instagram

A post shared by Димитар Егуменовски (@jimmys_photoshoots)

Димитар додава дека физичките и психичките придобивки кои ги дава планината, особено кога е посетена во нејзините екстремни услови како снег, дожд, град, мраз, магла, силен ветер, грмотевици, пеколно жешко и исцрпувачко сонце, придонесува за јакнење на духот и на телото.

Само кога човекот ќе се приближи до неговите физички граници, само кога ќе ја искуси суровоста на основните потреби за живот и за опстојување и кога единствената мисла ќе му биде како да стигнеме безбедно до неговата комфор зона, само тогаш тој успева да се унапреди како личност.

„Сите тие искуства нè учат на релевантноста на проблемите во животот, односно дека оние секојдневни проблеми како сообраќајниот метеж, задоцнување на работа, типот и стилот на облеката која ја носиме, комплетното материјално опкружување, дека сето тоа е апсолутно безвредно за нервирање и трошење неразумни количини на време за истото. Основните човечки потреби доминираат, а сé останато не ни причинува никаков проблем. Односно, како што би рекле ковачите - „челикот се кали кога е жежок“, кажува Димитар.

Можноста Димитар да се затвори во сопствената глава, со својата внатрешна борба при совладување на предизвикот за искачување, но и симнување од планина е нешто што е незаменливо за него. Сето тоа е дополнето со едноставноста и магијата на опкружувањето од природата.

Кога ќе се спојат и почувствуваат сите дразнења, кога ќе се активираат сетилата за мирис, допир, звук, се доведува до една своевидна екстаза . Димитар вели дека во тие моменти сите проблеми од неговиот секојдневен живот исчезнуваат и останува само суровоста и едноставноста на постоењето.

Има и такви планинари кои се зезаат дека планинарите условно кажано се мазохисти, односно уживаат во макотрпното искуство на планинарењето.

„Фотографијата отсекогаш ми била желба. Како мал имав најобичен фотоапарат со филм, а татко ми од неговите студентски денови имаше апаратура за развивање негативи на фото-хартија. Сето ова придонело од мал да ме интересираат фотографии, за кога го купив мојот прв фотоапарат (Kodak z710) да почнам да фотографирам и комерцијално.

Сепак, никогаш не се пронајдов во комерцијалната фотографија и сметам дека во денешно време луѓето непотребно премногу лично се експонираат себеси и својата приватност. Затоа јас најмногу сакам да фотографирам природа. Природата е едно од ретките нешта кои може да ги фотографираат сто фотографи и сите да доловат различен аспект од неа“, додава Димитар, кој исто така ужива да фотографира микро моменти кои се случуваат во дадена ситуации и панорами од природата, независно дали тоа се планински врвови, масиви, полиња со цвеќе или ридови со шуми.

Исто така, ужива во крадење на моменти со теле-објектив на луѓе кои се релаксираат во природата. Вели дека занесеноста на нивните лица секогаш му дава инспирација и ја прави сликата дотолку помистична. Тоа е магијата на планината.

На следната страна погледнете неколку предлог планинарски тури... 



Би можело да ве интересира:

Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg