Не одете преку ред, платете тура пиво: Бонтон правила кои треба да ги знаете ако патувате во Обединетото Кралство
Во секоја земја постојат различни правила за соодветно однесување кои треба да ги почитувате кога ги посетувате.
Затоа, пред да одите во некоја земја, добро е да се информирате за културата на луѓето со цел да не се најдете во непријатна ситуација.
Па, доколку планирате да посетите некое место во Обединетото Кралство, ќе се соочите со неколку предизвици, кои е добро однапред да ги знаете и да бидете подготвени.
Со цел да оставите добар впечаток и да избегнете непријатни моменти, следете одредени правила за културно однесување.
Кои се бонтон правилата кои треба да ги почитувате при посета на Обединетото Кралство?
1. Бидете точни и никогаш немојте да доцните, иако имате можност за 10-тина минути да задоцните во итни случаи.
2. Кога одите на гости, прашајте дали треба да ги соблечете чевлите.
3. Британците сакаат дебати, но никогаш не им поставувајте лични прашања.
4. Ако некој ве праша како сте, не одговарајте само „добро“, туку поставете го и вие истото прашање по одговорот.
5. Кога одите на ручек, не е чудно да треба да почекате да ве „поканат“ да седнете, наместо сами да си седнувате штом пристигнете.
6. Исто така, зависно од ситуацијата, лактите не треба да ви бидат на маса, па обрнете внимание на рацете на оние околу вас и следете ги.