Напуштено село во Турција вредно 200 милиони долари наликува на бајка на Дизни
Бурџ Ал Бабас е уникатно, но за жал напуштено село во Турција, каде има стотици вили-замоци во готски стил кои личат на замоците од филмовите на Дизни.
Проектот е започнат во 2014 година и е предвиден да биде луксузен и естетски и да ги привлекува богатите странци.
Сега, сите тие вили се оставени на забот на времето во падините на планините во северозападна Турција.
Иако буџетот од 200 милиони долари уште не е потрошен, инвестициската група се откажала од проектот, бидејќи не успеале да продадат ниту половина од вилите.
Економската криза не е само во Турција, туку и во многу други држави недвижнините остануваат непродадени поради високите цени и неможноста на обичните луѓе да си ги дозволат.
Во ова село, секоја вила чини 400.000-500.000 долари и првично се наменети за клиентела од Средниот Исток.
Од 732 вили, 350 се продадени на арапски инвеститори, но никој уште не дошол ниту да живее таму, ниту на викенд.
Сепак, проектантите и архитектите имаат надеж дека со помош на економски реформи, Бурџ Ал Бабас ќе заживее до октомври 2019-та.
Е. Д. | Црнобело