Сончев брег во Бугарија е на прво место на листа со најевтини дестинации за одмор во 2019
Бугарскиот ресорт Сончев брег е прогласен за најевтина дестинација за одмор во 2019-та, според британски истражувања.
Во годишниот барометар на Post Office Travel Money, направена е споредба помеѓу 8 секојдневни туристички трошоци во 42 места низ светот.
Во истражувањето се пресметуваат цени за оброк за двајца, различни пијалаци, крема за сончање и средства против инсекти и се прави листа на најевтини.
На листата од 42 светски дестинации, како најевтина на прво место се најде Сончев брег во Бугарија, каде трошокот за сите овие работи е 40 евра.
По Сончев брег, на листата се најдоа Мармарис, Турција со трошок од 50 евра и Алгарве, Португалија со трошок од 56 евра.
За оние кои не биле – дел од најубавите Инстаграм фотки од бугарскиот ресорт кои ќе ве натераат да размислите за следна летна дестинација:
https://www.instagram.com/p/BsBlbS5DMy6/
https://www.instagram.com/p/Br_tZ0lHsLw/
https://www.instagram.com/p/BrK9AygBA40/
https://www.instagram.com/p/Bq9rKALB9B8/
https://www.instagram.com/p/BKps8qcBryd/