12 неверојатни работи кои ќе ги искусите ако одите на крстарење на Антарктикот
Тоа е последното диво место на светот каде нема влада, политика и контакт со надворешниот свет. Изолирано е, екстремно и убаво...
Пред стотина години одењето на Антарктикот беше ексклузивно право кое го имаа само врвните истражувачи, но сега ако имате доволно пари може да одите на крстарење таму.
Белиот континет може да си го дозволат најбогатите.
Но, бидејќи Антарктикот не е како ниту едно друго место на светот, таму ќе искусите некои уникатни работи:
1. Ќе сфатите колку всушност е далеку Антарктикот кога ќе изгубите неколку дена само во летови за да стигнете до пристаништето за поаѓање. Просечно крстарење трае од 11 до 18 дена.
2. Откако ќе тргнете ќе минете многу денови на бродот опкружени само со вода.
3. На бродот ќе имате WiFi, но со брзина како интернетот од 1999 година и постојано губење на конекцијата.
4. Антарктикот не го поседува ниту една држава, но правилата за посета се одредени од организацијата International Association of Antarctic Tour Operators (IAATO) и според нив само одреден број луѓе може да бидат на одредена точка од Антарктикот во исто време, па тоа значи дека ќе се движите во групи со ограничено време за престој на копно. Најчесто ќе минувате само по неколку часа на одредено место, односно престојот на копно за време на целото крстарење ќе ви биде многу краток.
5. Некои денови ќе пловите мирно, но некои ќе има бранови и со тоа адреналин, поради морските струи во тој предел.