Замрзнати водопади, дијамантска плажа, зајдисонце кое трае со часови - 7 причини зошто треба да се посети Исланд во зима
Исланд е истовремено и „земјата на полноќното сонце“ и домот на поларните светла, но она што најверојатно не го знаете е тоа дека не можете да ги искусите двете работи со само едно патување.
Всушност, доколку сакате да ја видите Аурора бореалис додека сте во Исланд, тогаш ќе мора да се помирите дека ќе гледате повеќе полноќ, а речиси воопшто нема да здогледате сонце.
Фразата „зима во Исланд“ сигурно ве ужаснува со оглед на името на земјата. Тоа е разбирливо, бидејќи во периодот од декември до март температурите преку ден ретко се качуваат над нулата, а да не ги споменуваме само неколкуте часа дневна светлина.
Сепак, не очајувајте, зимувањето во Исланд може да биде многу забавно и претставува повеќе од само студ и темнина.
Ова се 6 одлични причини зошто мора да го посетите Исланд за време на зимскиот период:
1. Најдобрата шанса да се види поларната светлина
Иако технички поларната светлина се гледа и во другите периоди од годината, сепак природните услови, односно темното небо повеќе го овозможуваат ова во зима.
Додатно, повеќе од половина, секој ден во зима во Исланд владее целосна темнина, а тоа значи дека секоја долга ноќ е одлична можност за набљудување на Аурора бореалис.
2. Нема метеж
Благодарение на периодот во којшто се училишните одмори, Исланд е најпосетен во лето, па затоа во зима може да се случи да поминете повеќе од еден ден без да видите друг човек околу вас.
3. Кратки, но прекрасни денови
Лошата работа во зима е што во одреден период денот може да трае само 4-5 часа и во тој временски период сонцето никогаш потполно не изгрева. Сепак, ова има една позитивна работа, а тоа е што добивате изгрејсонце или ако повеќе сакате зајдисонце што трае 4-5 часа.
Ова значи дека додека трае денот, ги гледате сите бои на небото и снегот како се прелеваат пред вас.
4. Импресивна глетка на замрзнати водопади
Сигурно ја знаете старата фраза дека Исланд е зелен, а Гренланд е мраз. Тоа секако не важи во зима. Дневните температури во јануари во Исланд се движат околу нулата, а ноќите се уште поладни.
Позитивната работа е што многу од водопадите во Исланд се делумно или целосно замрзнати и се одлична глетка за доживување.
5. Дијамантска плажа
Најдобрите тури во Исланд, вклучуваат и тура до лагуната на Jökusárlón глечерот, којашто е прекрасна во секој дел од годината, со таа разлика што во зима имате можност да видите како поларната светлина се рефлектира од водата.
Плажата е позната по тоа што е прекриена со црн песок во совршен контраст со сантите мраз насукани на плажата во лагуната, кои наликуваат на прекрасни огромни дијаманти.
6. Топли минерални извори и базени
Можелете ли да замислите поубаво чувство од нурнувањето во топла минерална вода по целиот ден пешачење на снегот? Исланд „врие“ со природно топла геотермална вода. Можете да уживате во ваквите базени во текот на целата година, најголемото задоволство е секако во текот на зимските месеци.
7. Цените се малку пониски од порано
Исланд можеби доживеа економски колапс во изминатата декада, но цените никогаш вистински не се спуштија. Можеби не можете да очекувате дека цените во зима ќе бидат многу ниски, но можете секако ќе заштедите 10-15% од сумата која ќе ја потрошите во однос на посетата во лето.
Исто така, со оглед на тоа што сонцето заоѓа многу рано, можеби и ќе си легнувате порано, па ќе заштедите и на пари за вечера.
(О)Милена | Црнобело