Нов луксузен ресорт на приватен остров на Малдиви ќе биде хит во 2019 (фото)

Изграден е според еко пријателски стандарди, а од неговата убавина ќе треба да си протриете очите два пати.

nov-luksuzen-resort-na-privaten-ostrov-na-maldivi-kje-bide-hit-vo-2019-foto-01.jpg

Неодамна се отвори ресортот Kudadoo Maldives Private Island, кое е едно од најубавите места на светот и ќе биде хит во 2019-та.

Дом е на 15 апартмани со една или две соби, кои имаат неверојатен поглед кон океанот. Секој од нив има бесконечен базен.

Ресортот е еко пријателски и сам генерира доволно енергија за да опслужи 50 гости и 100 членови на персоналот едновремено. Има 984 соларни панели на покривот.

Се наоѓа на приватен остров среде Индискиот Океан, а гостите летаат до интернационалниот аеродром во Мале, а оттаму 40 минути со приватен мал авион.

Во ресортот се примаат само лица над 15 години, што значи забрането е за деца, а ако сакате можете да го изнајмите и за приватна забава.

Во него има СПА, бар, ресторан со морска храна и што уште не. Ноќевање за двајца возрасни чини од 3.400 долари, па нагоре.

Како изгледа луксузниот ресорт:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Есенската идила на Маврово и Бистра, со овци и златести полјани (фото) Распослани златести полјани, спокој и стадо овци... Есенски сцени кои ќе ве инсп...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg