Напуштено и заборавено - Што станува со местата од кои заминува и последниот човек?
Светот е мистерија сам по себе. Светот е подлежен на промени, на доселувања и отселувања. Запознавање и разделување. Светот е полн со места, кои се заборавени од луѓето, се препуштени на времето и пропаѓањето.
Gulliver’s Travels Park
Веројатно сите се сеќаваме на романот Гуливеровите патувања од Џонатан Свифт и неговите патувања во земјите Лилипут, Бробдингнаг, Лапут и Хуинхм.
Во Кавагучи, Јапонија постои забавен парк посветен на Гуливеровите авантури. Отворен во 1997 година, паркот со помош на јапонската влада успеал да го привлече вниманието на луѓето, но за жал целата приказната се окончала 10 години подоцна и сега некогашниот парк е претворен во место на заборав и носталгија.
Островот Хашима
Некогаш прогласен како најгусто населена област на Земјата, денеска Островот Хашима, голем како 12 фудбалски терени, се распаѓа во својата мизерија.
На времето тука живееле 5 000 рудари заедно со своите семејства, но пустошот се случил во 60-тите години кога Јапонија од јаглен преминала на нафта.
Mirny Diamond Mine
Во Источен Сибир постои втората најголема дупка во светот, која е направена од човекот. Овој рудник е изграден по иницијатива на Сталин за да се исполни побарувачката на индустриски дијамант.
Што повеќе се навлегувало во срцевината на земјата, така и самиот процес станувал тежок и непокорен. По неколку години рудникот бил напуштен и препуштен на забот на времето.
Ryugyong Hotel
Северна Кореја секогаш знае да изненади со она што се наоѓа на нејзината територија. Во Пјонгјанг се наоѓа хотелот Ryugyong, кој е чист примет за тоа колку „откачена“ знае да биде Северна Кореја. Хотелот со 105 ката сé уште е недовршен и празен, без ниту еден посетител.
Објектот, кој внатре нема електрична енергија, има функција на масивен светлечко шоу каде се прикажуваат познати статуи, споменици, симболи и политички слогани.
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело