„Не мисли дека си специјален“: 10 докази дека Шведска е воодушевувачка земја
Љубов кон невообичаена пица
Постојат многу италијански ресторани во Шведска, но менито таму им е малку поинакво. На пример најпопуларна пица им е пицата со месо и специјален сос. Тука може да пробате и пица со банани.
Личен простор
Швеѓаните многу внимаваат на личниот простор на другите и без некоја итна потреба не би заморувале некој друг со своите потреби.
Дури и на автобуските станици стојат малку одвоено еден од друг.
Национална забава
На карневалите во Шведска најпопуларна забава е фрлање на харинга во буре. Ако имате среќа, ќе добиете играчка кадифена риба како награда.
Безготовинско плаќање
Шведска одбива да користи кеш, па дури и во јавните тоалети се плаќа со кредитни картички.
Интересно е и што на рачките од тоалетите има инсталирано ЛЕД сијалички, кои светат црвено ако е зафатено и зелено ако е слободно.
Чудните костими на АБА
Познатите музичари од АБА групата секој пат измислувале сè поекстравагантни и посјајни костими за да плаќаат помалку даноци.
Според шведските закони облеката која е нетипична и не може да се носи секој ден не подлежи на оданочување.
Прочитајте и Младите прво работат, па избираат факултет: 5 причини зошто Шведска е закон земја за живот!
С. С. | Црнобело