„Не мисли дека си специјален“: 10 докази дека Шведска е воодушевувачка земја
Таму има чудна забава од типот на фрлање харинга во буре, но секој го почитува личниот простор, не мисли дека е супериорен и љубовните односи си ги регулира како му одговара.
Од хитовите на АБА до одличниот животен стандард, Шведска е земја која дефинитивно ја бие добар глас.
Факти кои покажуваат зошто Шведска е прекрасна:
Позната е како еко земја
Таа е првата земја во светот што почна да применува био горива, што рециклира отпад и што се грижи не само за луѓето, туку подеднакво и за животните.
Хотел што се гради одново секоја година
Во Шведска е првиот хотел во светот направен од мраз, кој се гради одново секоја година и функционира од декември до април. Од мраз се не само ѕидовите, туку и мебелот, барот, па дури и садовите.
Секоја година собите во него се различни и низа архитекти работат на нив.
Живот по „законот на Јанте“
„Законот на Јанте“ се однесува на териториите на Норвешка и Данска, но и во Шведска се чувствува неговото силно влијание. Дел од заповедите што важат:
- Не мисли дека си специјален.
- Не мисли дека си голем колку што сме ние.
- Не мисли дека си подобар од нас.
- Не мисли дека знаеш повеќе од нас.
- Не мисли дека си поважен од нас.
Ова е на некој начин прирачник како да бидете умерени и скромни. Ако прошетате низ Шведска ќе видите дека Швеѓаните не се фалат со нивните материјални работи или посебни знаења, не носат гордо некоја специјална облека или титула и не сакаат да се чувствуваат супериорно во однос на другите.
Разни типови на однос кај љубовните партнери
Во Шведска има неколку типа на семејни врски, затоа што на вљубените парови не им се брза да стапат во брачна заедница. Често тие живеат и по 10 години заедно, имаат деца, но едновремено не се маж и жена.
Но, тие може да бидат пар кој живее заедно и има заеднички дом (sambo), партнери кои не живеат заедно, но нивната врска трае долго и ги минуваат заедно одморите и викендите и партнери кои понекогаш живеат заедно.
Шведскиот концепт за краток одмор „Фика“
„Фика“ е задолжителна пауза за кафе во текот на денот со пријателите, колегите или семејството и е посветена за релаксација на умот и телото.
Телефоните се тргаат на страна и се ужива со кафе и шведски печива.