7 места во светот од каде се гледаат најспектакуларните поларни светлини

Природниот феномен аурора бореалис, познат и како поларна светлина, е појава која ги остава воодушевени сите што барем еднаш во животот виделе такво нешто.

7-mesta-vo-svetot-od-kade-se-gledaat-najspektakularnite-polarni-svetlini-01.jpg

Тоа се случува кога соларни честички интерферираат со атмосферски гасови и со магнетното поле на Земјата и личи како зелена лава која се простира низ целото небо. Овој феномен го има преку целата година, но најдобро е видлив кога ноќите се долги и воздухот најмалку загаден.

Некогаш нивната појава може да трае неколку секунди, а некогаш и со денови.

Иако не е лесно да се предвиди кога ќе се појави аурора бореалис, ние ви наведуваме седум места на Земјата и најдобрите периоди од годината, кога веројатноста за нивна појава е најголема:

Фербенкс, Алјаска

Ова е еден од најзачуваните и најзаштитените делови од Алјаска и е дел од националниот парк Денали. Тука се наоѓа и најсеверната точка на САД, која е и најоптимална за набљудување на аурорите, кои пак се највидливи од втората половина на август до средина на април.

7-mesta-vo-svetot-od-kade-se-gledaat-najspektakularnite-polarni-svetlini-02.jpg

Исланд

Географската локација на Исланд е таква што имаат долги ноќи, што е совршен услов за набљудување на поларните светлини од август до средината на април.

Јужен Гренланд

Јужниот дел на Гренланд е прилично блиску до Исланд и во истиот период како и таму, постои голема веројатност дека ќе успеете да видите поларни светлини. Испланирајте тоа да го направите со професионална тура, за да биде сигурно дека ќе успеете да ги видите.

7-mesta-vo-svetot-od-kade-se-gledaat-najspektakularnite-polarni-svetlini-03.jpg

Северна Шведска

Од септември до март можете да видите аурора речиси од секаде во Шведска, од точките кои се далеку од вештачката светлина на градовите. Во северниот дел од државата се наоѓа националниот парк Абиско кој е најпозната локација за набљудување аурори.

Јелоунајф, Канада

Во северниот дел од Канада, кој е малку населен и слабо урбанизиран, значи и дека речиси и нема загадување. Аурорите може да се набљудуваат од август до април.

7-mesta-vo-svetot-od-kade-se-gledaat-najspektakularnite-polarni-svetlini-04.jpg

Норвешка

Во Норвешка има многу места кои се далеку од населените градови, каде може да набљудувате аурори од септември до крајот на март. Изберете некој од малите островчиња или од руралните делови за подобро искуство.

Шкотска

Од октомври до март поларна светлина може да се набљудува и од националниот парк Кернгормс, кој воедно е и најголем национален парк во Велика Британија.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
4 острови во Грција кои вреди да се посетат во септември Ако сè уште не сте го поминале летниот одмор и размислувате да го реализирате во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg