Дали ова е местото од вашите соништа? Совршен арктички хотел за сите што мразат луѓе и турканици
Најверојатно очајно ви треба одмор од општеството и случувањата во светот.
Бидејќи станува сè потешко да се исклучите од реалноста, Норвешка ви го презентира Арктичкото прибежиште, хотел лоциран на сопствен остров (Fordypningsrommet) над поларниот круг (северниот/арктичкиот напоредник). Односно, ви нуди хотел што е можно подалеку од сите други луѓе.
Овој хотел е формиран од норвешкиот музичар Håvard Lund во 2014 година и се состои од 10 поединечни кабини направени за уметниците да можат да се одморат и да творат. Од тогаш, хотелот доживеа експанзија и прима и уметници и обични туристи коишто само сакаат да одморат од светот пренатрупан со информации.
Па така, секоја од кабините има поединечна функција: пет кабини за спиење (можат да примат до 15 гости), две кујни, бања, сауна на пристаништето и една подигната кабина којашто служи само за седење, мислење и творење, а во неа има вклучено и стереосистем и пијано.
https://www.instagram.com/p/BkpKbYvBP9W/
Креативните посетители можат да се пријават да престојуваат како еден од „локалните уметници“ на хотелот, ова вклучува еднонеделен бесплатен престој во комплексот. Додека пак обичните туристи ќе мораат да платат 3500 долари неделно за да престојуваат.
За да си ја оправда својата репутација, до хотелот е исто толку тешко да се стигне, колку што е тешко да се изговори и името на островот (Fordypningsrommet) на којшто се наоѓа.
https://www.instagram.com/p/Behlg_oBwhP/
Да стигнете до него прво треба да стигнете до Осло, а од таму со директен лет се патува до крајбрежниот град Бодо, за потоа да се качите на едночасовно патување со фериброд којшто ќе ве доведе до островот којшто нема ниту еден пат, автомобил или продавница. Се разбира, тоа значи дека мора да си носите ваша храна и потрепштини и нормално топла облека.
Доколку сакате максимално да го искористите панорамскиот поглед од кабините и да гледате Аурора бореалис секоја вечер, тогаш се препорачува да го посетите хотелот во периодот од декември до јануари, бидејќи тогаш е постојана ноќ и може многу подобро да се гледаат северните светла на небото.
(О)Милена | Црнобело