Базен со поглед во хотел во Италија изгласан за најубав во светот (фото)
Пливате во бесконечен базен со топла солена вода, а пред вас има панорамска глетка на спектакуларни планини, зеленило, историски објект и град во далечина. Звучи добро, зарем не?
Замислете дека пливате во бесконечен базен со поглед кон прекрасна природа, историски градби и планини. Тоа го нуди хотелот Miramonti Boutique Hotel во Италија.
Во него има топла солена вода, а погледот е спектакуларен. Долг е 16 метри и широк 5 метри. Дел од базенот е заграден и изгледа како топла пештера.
Базенот е совршен за пливање во текот на целата година. Од него се гледа и италијанскиот град Мерано, кој се наоѓа во близина.
36-те соби во хотелот се вистинско бегство од брзото темпо на живот.
Како изгледа магичниот базен што го освои светот:
С. С. | Црнобело