Малиот шпански град со најмногу богатства заштитени од УНЕСКО

Еден мал град во Шпанија е преполн со природни и историски убавини и богатства, заштитен е од УНЕСКО, но често туристите кои доаѓаат од други држави го одминуваат.

maliot-shpanski-grad-so-najmnogu-bogatstva-zashtiteni-od-unesko-1.jpg

Кордоба се наоѓа на околу два часа патување со воз од Мадрид и е единствен град во светот кој во себе има четири наследства заштитени од УНЕСКО. Тоа е повеќе дури и од Рим или Париз.

Градот ги исполнил сите потребни критериуми за заштита од УНЕСКО, дури и оние за универзална трајна вредност и ремек-дело на креативен генијалец.

Што сè можете да видите таму?

Џамијата катедрала

УНЕСКО за првпат призна дел од културно-историското наследство на Кордоба за заштитено богатство во 1984 година. Се работи за џамија изградена во периодот меѓу 784 и 786 година. Во 13-от век била освоена од христијаните и пренаменета во катедрала.

maliot-shpanski-grad-so-najmnogu-bogatstva-zashtiteni-od-unesko-01.jpg

Центарот на градот

Центарот на Кордоба е вистински лавиринт од значајни градби, кои потекнуваат од различни периоди од историјата на владеењето.

Архитектурата има римски, арапски и христијански карактеристики, тврдини, традиционални куќи и резиденцијата на владетелите. Центарот е признат од УНЕСКО за светско наследство во 1994 година.

maliot-shpanski-grad-so-najmnogu-bogatstva-zashtiteni-od-unesko-02.jpg

Фестивал на дворовите

Градскиот традиционален фестивал започнал во 1918 година. Жителите ги отворале своите дворови за туристите и соседите, секоја пролет и ги презентирале своите цветни градини.

Во 2019 овој фестивал ќе се одржува од 6 до 19 мај. УНЕСКО го призна како светско наследство во 2012 година.

maliot-shpanski-grad-so-najmnogu-bogatstva-zashtiteni-od-unesko-03.jpg

Стариот град Медина Азахара

Најновото богатство на градот според УНЕСКО е стариот град Медина Азахара, изграден од старите муслимански владетели во периодот меѓу 936 до 976 година.

Тие го изградиле за да ја промовираат независната култура на новоформираниот калифат во средновековна Европа.

Најголемиот дел од градот бил срушен за време на граѓанските војни во 11-от век, но она што останало е прогласено за значајно културно наследство, како за Шпанија, така и за Европа.

maliot-shpanski-grad-so-najmnogu-bogatstva-zashtiteni-od-unesko-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите) Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од...
Долги редици, турканици низ тесните улички - Што може да очекувате од Санторини, ако го посетите во ... За совршени фотки на белите кровови ќе треба да се изборите за место со илјадниц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg