Фото-приказна: Доживејте ги швајцарските Алпи со најбавниот експресен воз во светот

На сите ни се патува. Тоа добро го знаеме. Понекогаш треба да направиме поразлична одлука кога станува збор за некоја нова авантура. На пример да се посети Швајцарија и да се доживее рутата со воз, наречена Glacier Express, која функционира уште од 1930 година.

Foto prikazna dozivejte gi svajcarskite alpi so najbavniot ekspresen voz vo svetot 7

Самото име на рутата ме потсети на книгата Убиство во Ориент Експрес од Агата Кристи, само да се надеваме дека нашето патување ќе помине без инциденти и мистерии.

Интересно е што Glacier Express е една од најпознатите екскурзии со воз во Швајцарија и воедно е наречена најбавниот експресен воз во светот, кој се движи со 36 километри на час.

Сите велат дека ова уникатно патешествие низ швајцарските Алпи кое трае околу осум часа од почетокот до крајот ќе ви обезбеди моменти кои долго време ќе ги прераскажувате.

Замислете ја оваа ситуација. Слушате блуз од вашиот телефон, пиете чај од нане и од време на време читате некоја книга, додека преку прозорецот гледате снег и чувствувате некоја божиќна атмосфера, налик на онаа од филмовите.

Foto prikazna dozivejte gi svajcarskite alpi so najbavniot ekspresen voz vo svetot 3

Glacier Express поминува низ три кантони: Valais, Uri и Graubünden, со должина од 275 километри. Попат ќе бидат посетени St. Moritz, еден од најелегантните зимски ресорти во Швајцарија, кое воедно е место на богати и познати, како и Zermatt, познато село на Алпите, кое е мета на фотографите.

За време на ова неколкучасовно патување ќе се поминат 291 мост и 91 тунел. Оваа рута, која е погодна во секое годишно време ќе ви овозможи и запознавање со најзначајните места од патувањето и тоа благодарение на слушалките кои се наменети за секој патник.

Со врвна ресторанска послуга и вкусни специјалите како што стојат коментарите од луѓето кои претходно патувале, Glacier Express засекогаш ќе остане дел од вашето сеќавање.

И повторно и повторно ќе сакате да ја искусите истата рута.

Foto prikazna dozivejte gi svajcarskite alpi so najbavniot ekspresen voz vo svetot 6

Foto prikazna dozivejte gi svajcarskite alpi so najbavniot ekspresen voz vo svetot 6

Foto prikazna dozivejte gi svajcarskite alpi so najbavniot ekspresen voz vo svetot 6

Foto prikazna dozivejte gi svajcarskite alpi so najbavniot ekspresen voz vo svetot 6

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg