Патување, снег и забава - Што кријат зимските дестинации во Швајцарија?
Кога земјата побелува и се трупа со снег, а самото опкружување се преобразува во ледено кралство, Швајцарија ги отвора своите врати и ги повикува луѓето на едно посебно доживување.
Не мора да сте ентузијасти за зимските спортови, доволно е само да бидете исполнети со желба за истражување и скриената убавина на планините самата ќе ви се открие пред очи.
Она што не е оптоварувачки во овој случај е лесно достапниот транспорт, кој може да ве спроведе на врвни места, без претходно залудно да трошите време или во краен случај да премрзнете.
The Jungfrau Region е еден од предлозите кои би можеле да ги искористите доколку се решите да одите на зимување во Швајцарија.
Периодот на празниците и тоа како е погоден да се сплотите со чистиот воздух и пејзажното уживање кое ќе ви го обезбеди овој регион.
Знајте дека со добро друштво и природа искуствата засекогаш остануваат меморирани во нашата свест.
За оние кои сакаат денот да го поминат во скијање и сноубординг, планинското гратче Zermatt е измислено за нив.
Освен што жичарницата ќе ве одведе до инспиративни места во околината, патувањето со воз до оваа дестинација и тоа како ќе ве внесе во некаков филмски наратив.
Божиќна атмосфера, релаксирање и зимска идила. Па ништо повеќе не ви треба од ова!
Зимскиот светот на чудата како што многумина го именуваат St. Moritz е една од најпосетените дестинации на Алпите. Мислам дека доволно е што се спомена Алпите за однапред да знаеме за какво бајковидно искуство станува збор.
Отворен за патувачи од секаков калибар, па дури и за оние кои сакаат да одат на шопинг и да го искусат ноќниот живот. Тука нема простор за двоумење.
И уште едно возбудливо место ќе додадеме на листата, иако уште еден куп други можат да ја надополнат.
Davos или највисокиот град на Алпите е познат по големиот број на ресорти што се наоѓаат наоколу како и по казина, барови и дискотеки. Во никој случај нема да ги пропуштите зимските спортови зошто имате изобилство на можности.
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело