Норвешка и нејзините шарени куќарки, фјордови и поларна светлина - Што повеќе ни треба од ова?
Многумина ќе се согласат дека Норвешка со сите нејзини драматични пејзажи, карактеристична архитектура и неверојатни места за кампување е една од најубавите држави во светот.
Самата помисла дека се наоѓаш во некое традиционално селце на работ од некој фјорд или во некој град, раштркан на неколку островца ти дава впечаток дека си дел од некоја приказна, како оние што ни ги имаат читано додека сме биле деца.
Henningsvær
Шармантното рибарско село кое се простира на неколку мали острови во океанот се наоѓа во архипелагот Лофотен и претставува збир на традиционални норвешки куќарки, обоени во различни бои.
Ако се погледнат од далеку, самите живеалишта обликуваат воодушевувачки привид, како самите да се раѓаат од кристалните води и да се извишуваат на површината.
Поради тоа што селото се наоѓа северниот дел од Норвешка, зимите се пропратени со снег, кој речиси ги потрупува куќарките, а летата се чисти со 24 часа дневна светлина.
Reine
Архипелагот Лофотен е дом на уште едно рибарско селце, кое секоја година привлекува илјадници посетители од светот.
Токму поради едноставноста што ја посетува ова место, успева да го задржи вниманието на човекот и да ги вознесе до една медитативна состојба.
Каде и да се завртите ќе се соочите со мали шаренолики куќарки, сините води на океанот, тесни улички и зелени ридови кои вдахнуваат дополнителен живот во селото.
Ако погледот го кренете повисоко ќе забележите високи планини со снег, кои како недостапни тронови лебдат насекаде околу вас.
Tromsø
Ако сакате на најдобар начин да ја видите и почувствувате поларната светлина, тогаш овој норвешки град ќе ви го обезбеди тоа задоволство ако го посетите од септември до март.
Tromsø e сместен во самиот арктички круг и е опколен со големи шуми, бројни планини и фјордови. Во него може да најдете аквариуми, неколку различни музеи, како и најсеверната ботаничка градина.
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело