Rainbow Gathering - уникатни собири за сплотување со мајката природа

Во Македонија, и воопшто на Балканот, мистиката што ја нудеа егзотичниот Исток и западните њуејџ­филозофии речиси и да не постои, или е сосема маргинализирана.

FotoJetglavna

Не знам колку од вас имаат слушнато за Rainbow Gathering, кое претставува привремена комуна, а се организира насекаде низ светот. На тешко пристапно место, некаде во природа се собираат стотина, па дури и илјадници луѓе од различни држави, кои еден на друг се обраќаат со „братe“ и „сестро“.

Оваа голема фамилија, како што се именуваат сите заедно е составена од луѓе со различни животни приказни и идентитети, секој уникатен на свој начин. Тоа се луѓе кои сакаат да побегнат од консумеризмот, капитализмот и масовните медиуми.

Rainbow Gathering е место каде можат да се сретнат поединци со долги несредени коси и разбушавени бради, луѓе со суканици, жени во шарени индијски сукњи, со стегнати гради и набрегнати брадавици, како и целосно голи, недоволно средени и влакнести мажи, жени и деца.

rainbow gathering privremei sobiri koi se slucuvaat nasekade niz svetot 9

Првиот Rainbow Gathering, четиридневен собир во 1972 година се одржал во Колорадо, каде што во заднината на нивните верувања стоeле влијанија од движењето Харе Кришна, различни еврејски учења, искомбинирани со американски шамани и неопагани.

Додека истражував за историјатот на овие собири налетав на секакви толкувања и поимања на идејата. Најглавното со кое многумина се согласуваат е дека кога планетата Земја ќе биде опустошена, кога животните ќе почнат да умираат, ќе се појави надеж во форма на нова раса луѓе со разни бои, класи и верувања и оној кој длабоко ги почитува и применува нивните правила, со заедничка помош, ќе може опустошената земја повторно да ја обои зелена.

rainbow gathering privremei sobiri koi se slucuvaat nasekade niz svetot 7

Во самиот епицентар на кампот се наоѓа голем огин што тлее цело време, а околу него се случуваат најинтересните настани. Присутните им ракоплескаат на жонглерите, им мавтаат на играчите со огнени палки, практикуваат суфистички танци и медитирааат.

rainbow gathering privremei sobiri koi se slucuvaat nasekade niz svetot 5

Сите дојденци кампуваат, а шаторите им се така поставени што имаат увид на секој присутен. Оброците речиси им исклучиво вегетаријански и самиот настан претставува природна забава, без технологија, алкохол и дрога.

Овој настан не само што ќе ви овозможи голи да трчате низ шума со други хипици, туки и ќе ви отвори потполно нов светоглед.

rainbow gathering privremei sobiri koi se slucuvaat nasekade niz svetot 3

Овој спиритуален настан на луѓето им овозможува да се реконектираат со мајка Природа и заедно со другите дојденци да ги надминат личните конфликти и да се воздигнат.

На Rainbow Gathering секој се грижи за секого, се молат за планетарен мир и хармонија во нивните срца. Овој необичен, но и мудар собир на присутните им овозможува да се сетат кои се и истовремено да дејствуваат на глобалната свест.

rainbow gathering privremei sobiri koi se slucuvaat nasekade niz svetot 10

rainbow gathering privremei sobiri koi se slucuvaat nasekade niz svetot 10

rainbow gathering privremei sobiri koi se slucuvaat nasekade niz svetot 10

rainbow gathering privremei sobiri koi se slucuvaat nasekade niz svetot 10

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg