Фото-приказна: Гробишта на возови и заборав во близина на Будимпешта

Постојат моменти кога сакам да се тргнам настрана од туристичките атракции и да зачекорам на некое место, речиси заборавено од човекот. Место примамливо само за луѓето кои сакаат да ѕирнат во некоја поразлична перспектива од она што им е изложено пред очи.

foto prikazna grobishta na vozovi i zaborav vo blizina na budimpeshta 8

Само што дознав за Red Star Train Graveyard, кој се наоѓа надвор од Будимпешта, веднаш решив да го посетам ова место на заборав, кое сведочи за историјата на возовите.

Ова огромно пространство било изградено во почеток на 20-ти век како место за поправка на возови, но денес само јужниот дел од двориштето е во употреба, додека сé останато е напуштено.

На огромно подрачје, обраснато со нескротлива вегетација се наоѓаат повеќе од сто локомотиви и вагони стари со години и години.

foto prikazna grobishta na vozovi i zaborav vo blizina na budimpeshta 11

Некои се навистина стари и ретки призори, другите остатоци од возовите се од советскиот режим. Има и такви возови кои биле подготвени да се изложат во Музеј на возови во Будимпешта, но никогаш не го дочекале денот да бидат претставени пред светот.

Не знам колку е веродостоен податокот, но има гласини дека токму во некои од напуштените депоа се наоѓаат локомотиви кои ги транспортирале затворениците во Аушвиц. За жал, поради обезбедувањето кое парадираше со кучиња не успеав да се „дочепкам“ до сите објекти.

foto prikazna grobishta na vozovi i zaborav vo blizina na budimpeshta 4

Ваков вид на прошетка, пропратена со адреналин случајно да не бидеш забележан од непожелни очи секогаш добро влијае врз мене. Не мора да си фанатик по возови за да го посетиш Red Star Train Graveyard, доволно е да имаш страст спрема историја и толку.

Во секој случај самата посета на овие гробишта на возови претставуваше едно интересно искуство, затоа што токму во напуштените простори се кријат најинтересните приказни.  

foto prikazna grobishta na vozovi i zaborav vo blizina na budimpeshta 2

foto prikazna grobishta na vozovi i zaborav vo blizina na budimpeshta 2

foto prikazna grobishta na vozovi i zaborav vo blizina na budimpeshta 2

foto prikazna grobishta na vozovi i zaborav vo blizina na budimpeshta 2

foto prikazna grobishta na vozovi i zaborav vo blizina na budimpeshta 2

foto prikazna grobishta na vozovi i zaborav vo blizina na budimpeshta 2

foto prikazna grobishta na vozovi i zaborav vo blizina na budimpeshta 2

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg