За неодлучните – интересни дестинации што може да ги посетите во Македонија

На секого му се случува кога има слободно време да се најде во неодлучна ситуација, без разлика дали станува збор за гледање филм/серија или можеби за некое патување.

 za neodlucnite interesni destinacii shto moze da gi posetite vo Makedonija 5

Ако треба набрзина да донесете одлука и да го спакувате ранчето, најдобро ќе биде да фрлите око на овие предлози, кои можеби се наоѓаат во близина на вашиот дом, па така спонтано да посетите некој од нив.

Бислимска Клисура или живописна сцена од некој филмски кадар е локација на која треба да ѝ дадете шанса. Во непосредна близина на Куманово, постои оваа убавина создадена од самата природа за кои малкумина знаат, убавина со десеттина пештери и варовнички карпи.

Иако клисурата е долга околу седум километри, има што да се види. Барем оние поединци жедни за авантура добро ќе се вклопат во мистериозната приказна за Бислим, каде на времето ретко кој се решавал да помине таму.

Достапна од повеќе страни, Бислисмка Клисура е уште едно место што треба да се истражи во Македонија.

za neodlucnite interesni destinacii shto moze da gi posetite vo Makedonija 2

Ако сакате да отседнете на некои 1500-1600 м.н.в. и да бидете опкружени со букова шума, тогаш Пониква, позната како викенд населба во источниот дел на Македонија може да ви ги задоволи потребите и очекувањата.

Дури и во снежните месеци, патот е исчистен и достапен до самиот туристички центар. Во краен случај, барем на ден-два излезете од токсичните градови и наполнете ги градите со свеж воздух.

za neodlucnite interesni destinacii shto moze da gi posetite vo Makedonija 4

Ако барате еден поинаков сетилен надоместок, тогаш можеби ќе го најдете во Лесновскиот кратер, најпознатиот згаснат вулкан во Македонија, па и пошироко.

Освен што ќе имате можност да пешачите по лавични карпи, и да ја апсорбирате чистотата на природата, на оддалеченост од еден километар ќе имате можност да го посетите и Лесновскиот манастир, изграден во 1343-та година, посветен на св. Архангел Михаил и св. Гаврил.

za neodlucnite interesni destinacii shto moze da gi posetite vo Makedonija 1

И како за крај, ако сé уште го чекате погодниот момент за посета на селото Куклица и камените кукли тогаш вистинскиот момент е сега.

Иако, временските услови и ниските температури понекогаш знаат да нè демотивираат, на крај вреди да бидеме решителни и да стапнеме на тлото кое во себе ја содржи легендата за проколнатите младенци.

za neodlucnite interesni destinacii shto moze da gi posetite vo Makedonija 3

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg