Македонка на тура со велосипед низ бајковитите швајцарски села (фото)

Недогледни зелени пространства, мистични водопади, магични пејзажи и осаменички куќи се дел од работите кои осамнаа пред очите на 30-годишната Ивана Кушлиќ за време на нејзиното патување во Швајцарија.

makedonka-na-tura-so-velosiped-niz-bajkovitite-shvajcarski-sela-foto-01.jpg

Ивана Кушлиќ е 30-годишна скопјанка која мина еден месец во крстосување на прекрасните швајцарски села со велосипед.

Уште на почетокот од годината таа си ја поставила оваа цела, а сега успеа да ја реализира.

Од спиење во хостели до престој кај пријатели, од превоз со авион заедно со својот велосипед до превоз со возови низ Швајцарија, целото нејзино патување е вистинска авантура.

Вели дека природата на Швајцарија навистина го одзема здивот и дека со прошетката низ швајцарските села срцето и душата ѝ се задоволни, а батериите наполнети.

Ивана вели дека Швајцарците се вљубеници во велосипедизамот и дека насекаде постојат патеки за нив. Дури и по самите автопати на секои неколку километри има мини велосипедски станици каде за неколку франака може да си смените гума или да се послужите со алат за да го поправите вашиот велосипед.

На подножјето од планините има т.н. „чувари на планината“, кои ви поставуваат прашања за да ја проценат вашата психолошка подготвеност за искачување, плус квалитетот на вашиот велосипед и на тој начин ве проценуваат и советуваат која е најдобрата патека за вас.

Matterhorn, Jungfrau, Lauterbunnen, Grindelwald, Berner Oberland се дел од местата што ги посети Ивана.

Фотки од нејзиното патување:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Есенската идила на Маврово и Бистра, со овци и златести полјани (фото) Распослани златести полјани, спокој и стадо овци... Есенски сцени кои ќе ве инсп...
Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg