Искуството на Евгениј од посетата на селото Куклица и легендата за проколнатите младенци

Се сеќавам дека дедо ми уште на времето ми раскажуваше приказни и легенди што беа поврзани со територијата на Македонија. Едната меѓу нив беше и онаа за проколнатите младенци во селото Куклица, или како што на сите ни е познато местото со камените кукли.

seloto-kukliva-i-legendata-za-prokolnatite-mladenci_7.jpg

Неодамна, едно неделно попладне заедно со неколку пријатели решивме да го посетиме Куклица, кое се наоѓа на 8 километри северозападно од Кратово и е сместено на десната страна од Крива Река.

За овој локалитет кружат секакви гласини и претставува сведоштво за гневот и болката на несреќната девојка, која го проколнала саканото момче за време на неговата свадба со друга девојка.

Кога пристигнавме немаше други посетители освен нас. Така што имавме можност да се изгубиме помеѓу високите карпи и да се сплотиме со тој вонвременски хронотоп, кој е впишан во колективната мемoрија на овие простори.

Самата помисла и слика што моите очи гледаа ми беше на еден начин загадочна, но истовремено и исполнувачка. Што, ете, после толку години се решив да го посетам овој локалитет во Македонија, кој е познат и како „Весела свадба“, зошто сите гости биле скаменети со насмевки на лицето, а младенците во нежна прегратка.

seloto kukliva i legendata za prokolnatite mladenci 3

На заминување, сретнавме еден постар човек, кој пасеше овци. Го поздравивме и само што сакавме да продолжиме, го слушнавме неговото обраќање. Веројатно беше желен за друштво и разговор.

Зборуваше некои дваесеттина минути, ги опфати сите аспекти поврзани со Куклица, дури и ни откри дека неговиот дедо заедно со останите мештани пробале да ја растурат клетвата на вљубената девојка. И секако, не успеале во тоа. Како и сите претходните генерации.

seloto kukliva i legendata za prokolnatite mladenci 2

Научниците секако ја оспоруваат легендата, тврдејќи дека камените кукли се појавени врз основа на вертикалната ерозија на вулканските карпи уште пред 10 милиони години. Со тек на годините природата од нив создава ремек-дела што претставува необичен привид и реткост за сите нас.

Без разлика во која верзија ќе веруваме, на крај сите ќе се согласиме дека овој локалит е посебен и ни ја отвора фантазијата за самоволно пополнување на празните. Мислам дека тоа е и најинтересниот дел од самата мистерија поврзана со Куклица.

seloto kukliva i legendata za prokolnatite mladenci 4

seloto kukliva i legendata za prokolnatite mladenci 4

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg