Милениумците би се откажале од кафе и секс за да патуваат бесплатно
Милениумците можеби важат за генерација која слабо стои со работните навики и осамостојувањето, но едно е заедничко за сите - тие сакаат да патуваат.
За лицата на возраст меѓу 18 и 36 години, кои и се нарекуваат милениумци, патувањата и искуствата се многу важни и се на речиси секоја листа на желби. Тие сакаат да откриваат нови места, да испробуваат локална храна, да се запознаваат со нови луѓе или пак, само да уживаат во прекрасни глетки и за тоа се спремни да се откажат од многу нешта.
На пример, луѓето во оваа возрасна група лесно би се откажале од кафе, од претплатата за Нетфликс, би заборавиле на алкохол и нема да внесуваат јаглехидрати, ако тоа значи дека може да патуваат бесплатно каде и да посакаат.
Ова истражување го спровела туристичката компанија „Contiki“. Според резултатите, постои нешто од што милениумците тешко би се откажале, а тоа се нивните мобилни телефони. Всушност, тие полесно би апстинирале од секс на сметка на патувања, отколку од своите мобилни телефони.
Постои ли нешто од кои би се откажале, само за да патувате бесплатно?
Е. Д. | Црнобело