Живописни селца во Швајцарија за поинакво искуство и бегство од градскиот метеж
Цирих, Женева, Лозана и другите швајцарски градови имаат што да понудат и се атрактивни за посета, но вистинската привлечност на Швајцарија лежи во пооддалечените и мали места на оваа мала, планинска земја.
Доколку ви е смачено од градскиот метеж, како и од големиот број на туристи и хаосот во големите градови низ Европа, време е да се фокусирате на друг тип на туризам, кој ќе ви пружи вистински одмор, ќе ве наполни со енергија и ќе ви остави прекрасни искуства.
Низ Швајцарија има голем број на мали шармантни селца, кои се наоѓаат во подножјето на Алпите или покрај мирни езера.
Некои од нив се толку изолирани, што единствениот начин да стигнете до нив е со планински воз, жичара или пешки, што го прави патувањето уште повозбудливо и уникатно.
А, пејзажите кои ве чекаат таму се вредни за трудот кој ќе го вложите за да стигнете, како и мирот кој ќе го добиете и соживувањето со природата.
Искусете ја Швајцарија во поинакво светло од градовите и модерните ски ресорти и посетете барем едно од овие селца ако некогаш ја ставите оваа земја на листа на патување.
Lauterbrunnen
Gimmelwald
Andermatt
Wengen
Mürren
Guarda
Grindelwald
М. М. | Црнобело