5 причини зошто е паметно да патувате во есен
Есенскиот период претставува одлично време за запознавање на нови градови, со оглед на тоа што пријатните температури се одлични за активности под отворено, а воедно и не мора да се грижите за преголеми гужви, како што се случува во лето.
Есенската сезона ќе ви помогне да го доживеете секој град како локалец и да го почувствувате неговиот ритам.
Главно, има 5 причини зошто есенските патувања се паметен избор:
1. Попусти
Есента е синоним за патување по лесно достапни цени.
Во овој период цените на летовите и сместувањето се многу пониски, а доколку сте за шопинг може да начекате супер парчиња облека или обувки од минатата сезона.
2. Активности на отворено
Есента мотивира за истражување на улиците, парковите и архитектурата на градот кој го посетувате.
Може да јадете улична храна, да направите есенски пикник во некој парк, да читате книга на клупа, па потоа да се згреете во некое кафуле или ресторанче.
3. Живописни погледи
Хоризонтите и погледите се многу поинакви во есен. Обоени во нијанси на портокалова, жолта и црвена, есенските посети ви даваат одлична шанса да го разбудите фотографот во вас.
4. Помалку гужви
За да можете да го истражите местото кое го посетувате како локалец и да ја доживеете неговата енергија без еден куп туристи, само треба да го посетите во есенските месеци.
5. Време на фестивали и настани
Многу градови низ светот имаат организирано есенски настани и фестивали поврзани со храна, музика или филм, па ќе имате прекрасно „набиен“ распоред.
М. Д. | Црнобело