Дестинации на Балканот идеални за романтично бегство

Иако Балканот ретко се споменува во контекст на романтика, тоа не значи дека не постојат такви места во балканските држави.

najromantichnite-destinacii-na-balkanskiot-poluostrov-01.jpg

На Балканот може да се најдат многу прекрасни туристички места кои можат да бидат уникатна идеја за романтично патување. Овој дел од Европа сè уште не го добива заслуженото внимание, со исклучок на туристичките дестинации во Грција и Бугарија, а во последно време и Албанија.

Сепак, Балканскиот Полуостров е многу повеќе од тоа. Па така, кога размислувате за романтично патување, а времето и финансиите не ви дозволуваат да заминете во Париз, Виена или во некоја прекуокеанска земја, можете да го направите тоа и во соседството.

Охридското Езеро со Охрид и Струга

Ваква листа на романтични дестинации не би можела да помине без да се спомне брегот на Охридското Езеро. И Охрид и Струга се прекрасни градови со уникатна локална култура и богата историја.

На вас е да одберете каде ви се допаѓа повеќе, а езерото е секако прекрасно и од двете страни.

najromantichnite-destinacii-na-balkanskiot-poluostrov-02.jpg

Бледското Езеро во Словенија

Ова е една од најкарактеристичните балкански точки. Можете да изберете дали ќе бидете во приватно сместување, во вила или пак ќе изнајмите хотелска соба. Бледското Езеро е најпопуларна дестинација за меден месец во Словенија.

najromantichnite-destinacii-na-balkanskiot-poluostrov-03.jpg

Дубровник во Хрватска

Дубровник отсекогаш бил бисерот на екс југословенските простори, кој беше далеку од радарот на светот сè додека „Game of Thrones“ не го направија топ хрватска дестинација.

Сега, Дубровник е толку популарен што тамошниот ресор за туризам презема мерки за ограничување на бројот на посетителите.

Кога е Хрватска во прашање, вреди да бидат спомнати и Задар, главниот град Загреб, како и еден од најубавите национални паркови во светот, Плитвичките Езера.

najromantichnite-destinacii-na-balkanskiot-poluostrov-04.jpg

Санторини во Грција

Санторини се чини дека никогаш не губи од популарноста, а оние кои биле барем еднаш таму, стојат на тоа дека оттаму го виделе најубавото зајдисонце.

Сето тоа во комбинација со карактеристичната архитектура и локалната храна може да ви понуди прекрасен романтичен одмор. Она што може да биде проблем е што аранжманите таму се прилично скапи за граѓаните со просечни примања.

najromantichnite-destinacii-na-balkanskiot-poluostrov-05.jpg

Мостар во Босна и Херцеговина

Иако овој град беше речиси уништен со воените конфликти од 90-тите, тој изникна и сега е прекрасен средновековен град. Во најголемиот дел од годината бројот на туристи е мал, па може непречено да шетате по старите улици и да ја живеете богатата историја на градот.

najromantichnite-destinacii-na-balkanskiot-poluostrov-06.jpg

Пловдив во Бугарија

Уличките на стариот град Пловдив ве водат по висок рид, од кој можете да ја видите фантастичната панорама на градот. Како што веруваат историчарите, Пловдив е основан од мала населба пред повеќе од 7.000 години.

Куќите се обоени во живи бои, а пешачките патеки се широки и пространи.

najromantichnite-destinacii-na-balkanskiot-poluostrov-07.jpg

Албанското приморје

Албанија во последните години станува сè попопуларна туристичка дестинација, особено за летните одмори. Албанската ривиера излегува на Јонското Море, кое има карактеристична проѕирно-тиркизна вода. И што е најдобро, цените сè уште се ниски.

najromantichnite-destinacii-na-balkanskiot-poluostrov-08.jpg

Дали можеби вие имате омилено романтично место во Македонија или во соседството, кое сакате да го споделите со нас?

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg