Есенска магија надополнета со десерти - прошетка низ 5 европски градови во есен

Дали есента е кралица на годишните времиња? Ние секако мислиме така. Само замислете си - Европа, есен, богати златно-жолти пејзажи кои се прелеваат со огнено црвени и суптилни портокалови тонови...

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen-01.jpg

Лисјата крцкаат под вашите нозе додека го истражувате градот и се сладите со локалните десерти.

Есен, добре дојде, а вие сте добредојдени да ја истражите магијата во овие 5 неверојатни европски градови за време на третата годишна сезона:

Амстердам – колаж од портокалови и црвени дрвја со мирис на пита од јаболка

Со повеќе од 400.000 дрвја кои ги врзуваат каналите во Амстердам, есента е магична во овој холандски град.

Ништо не може да ја победи глетката на историските канали и парковите во Амстердам, обоени со живописните портокалови и црвени дрвја или златниот тепих од крцкави лисја што ја поплавува калдрмата.

Да, летото беше прекрасно, но сè што ќе посакате во Амстердам на есен е да каснете топло парче пита од јаболка во комбинација со нешто чоколадно во Patisserie Holtkamp и верувајте, нема да сопрете на само еден десерт.

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (1).jpg

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (2).jpg

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (3).jpg

Прага – шармантна палета на шаренило и вкус на колаче со афион

Прага не го добила својот прекар „Златен град“ попусто. Есенските бои кои се прелеваат од портокалово, бакарно, жолто и црвено и создаваат атмосфера што го топли срцето и го прави еден од најромантичните градови во светот.

Додека дрвјата полека ги пуштаат своите ливчиња, градините во Прага се покриваат со шарени килим на паднатото зеленило, а воздухот се полни со прекрасно носталгичен мирис на познатото колаче со мак, односно афион, колачиња со ѓумбир и облачиња од слаткасти ароми и вкусови како оние во Bakeshop на кои тешко може да им се одолее.

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (6).jpg

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (7).jpg

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (4).jpg

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (5).jpg

Минхен – сјајот на дрвјата се натпреварува со позлатената статуа и меката штрудла со јаболка

Тешко е да се одлучи која есенска глетка е најубава во Минхен: Паркот Nymphenburg, паркот Hirschgarten преполн со куќички од животни или величествениот поглед од ридовите во Luitpoldpark? Прошетката до Friedensengel (Ангел на мирот) ќе ве исполни со мир, каде што топлиот сјај на дрвјата се натпреварува со позлатата на статуата.

Задолжително каснете мека штрудла со неверојатно тенко лиснато тесто наполнето со богат фил од јаболка и цимет, еклер со различен фил или некое друго колаче од богатиот избор во The sweet escape.

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (12).jpg

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (13).jpg

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (9).jpg

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (11).jpg

Севилја – тесни улички прекриени со уметност, златен килим и традиционални десерти во модерно издание

Граѓаните на главниот град на Андалузија се убедени дека немаат потреба да посетат ниту еден друг град. Имаат и премногу добри причини за тоа – Севилја е уметнички град, а тесните улички се начичкани со барови, кафулиња и ресторани.

Времето во Севилја е релативно потопло во есен отколку во другите европски дестинации, но златниот сјај е неизоставен дел, а Севилја е особено за време на ноќните прошетки.

Тешко е да се одбере само еден десерт, па затоа посетете ја слаткарницата Manu Jara и насладете се со шпански десерти во модерен облик.

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (16).jpg

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (14).jpg

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (15).jpg

Фиренца – здив историја, култура помешан со арома на кафе и меки кроасани кои се топат во устата

Bar Pasticceria Piccioli е местото каде што ќе ви се наполни окото, но и мешето со слатки десерти. Каноли, тирамису и меки кроасани со силно црно еспресо ќе ви го заокружат прекрасниот есенски ден.

Замислете го Понте Векио, катедралата Дуомо и плоштадот Микеланџело како се капат во есенскиот сјај и златно-жолтиот блесок на третата годишна сезона.

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (18).jpg

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (19).jpg

Prosetka-niz-5-evropski-gradovi-vo-esen (20).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Есенската идила на Маврово и Бистра, со овци и златести полјани (фото) Распослани златести полјани, спокој и стадо овци... Есенски сцени кои ќе ве инсп...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg